Свадбена вест на денот

Иако симпатична е и македонската гуглизирана верзија на свадбата на неподносливо присутните Ким Кардашиан и Канје Вест, најдобрата вест за свадбата сепак ја имаше Њујорк Пост.

ВНИМАНИЕ (зевање)

Се венчаа Кимје (Ким +Канје)

Двајцата шупци се венчаа во саботата во Италија. Ѕвездата од секс снимките Ким Кардашиан (33 г.),се омажи за егоманот Канје Вест (36), на венчавка чиј луксуз беше достоен за династијата Медичи и премногу лигава дури и за риалити ТВ.

Верениците се венчаа во замок од 16-от век во Фиренца. Олимпиецот Брус Џенер ја придружи Ким до олтарот.

Републиката сè уште е жива.

26 мај 2014 - 14:24