Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Чекајќи го басот

Технаџии ќе разберат, рокери уште повеќе. Официјален наслов на клипов e - When Will The Bass Drop. Неофицијален - Секој можен (хаус? денс?) ди-џеј.

Луѓето се за на вулканизер

Шест и нешто минути некои Руси си играат на огромна ледина за да видат како човек пробува да оди право со врзани очи. Многу лошо сме баждарени.

Кој бира (повеќе од 36,8%), мастурбира

Да ви раскажеме еден математички модел за тоа како се одбира вистинската жена. Верувајте, бидејќи на светов има повеќе луѓе кои се разбираат во математика отколку во жени.

Примени сте на факултет

Америка, земја во која младите се радуваат кога ќе им стигне одговор дека успеале да се запишат на факултет. Ете, до толку се тие чудни :)

Корелација, мајка на сите заеби

Ултразабавен сајт посветен на статистичките корелации, една од омилените алатки на џанк науката или политичките дебати. Сè со сè можеш да поврзеш и после да си тегнеш заклучоци до бескрај.

Пресвртен момент во една кариера

Ова е моментот кој означуваше крај на професионалната кариера на тореадорот Алваро Мунеро. Сам објаснува за што се работи.

Брашно од Прада и млеко од Епл

Луксузните брендови не продаваат производи, тие продаваат стилови на живеење. На тема како би изгледало пакувањето на храната кога таквите брендови би се префрлиле во прехрамбената индустрија, мозгала дизајнерката Пеги Мергуи.

Од каде доаѓаат идеите?

Леонард Коен велел "да знаев од каде доаѓаат добрите песни, ќе им одев таму почесто." Дејвид Линч на ова ќе го додаде следново:

Акустична Металика

Првпат свиреа вака 1998-ма на MTV Unplugged. А ова е од пред некој ден во Л.А. кога наместо својата јеах дискографија, понудија акустични преработки на Битлси, Ози Озборн и Дип Парпл.

#ПосетигоИбрахим

Студент останува делумно парализиран во сообраќајка и завршува во болница на подолг период. Додека е таму, никој ама никој не му доаѓа во посета, ниту семејството. Тој пушта твит дека е сам и дека никој не го посетува. После твитот се случува ова:

Како СССР ги решаваше проблемите со заложници

Во средина на 80-те кога на големо беснее војната во Либан, луѓето на Хезболах во Бејрут во киднапираат 4 советски дипломати. Советите својот проблем го решаваат во рок од 30 дена.

Данска ве собира за гласање

Кога по речиси 25 години продавање на сите можни избори во државата како последниот чекор за спас од апокалипса, ќе видиш како Данциве се однесуваат со изборите за Европски парламент, не можеш а да не заклучиш дека они всушност појма немаат од живот и не се свесни дека се пред најголемиот и најважниот избор во историјата. Ова е една од официјалните дански реклами во која гласачите се повикуваат да излезат на избори.

Како се станува маж во различни култури?

Малку популарна етнологија преку Базфид. Симпатично визуелно претставување на различни ритуали низ кои машките деца стануваат возрасни. Мажишта, ај се кладиме дека кон крајот на видеото ќе ви се слоши, ќе осетите слабост по цело тело, ќе почувствувате болка по што ќе го погалите своето милениче со нежност која одамна му ја немате покажано?

Конзервативен инсепшн

Руската православна црква беше една од инстанците кои се згрозија и ја осудија појавата на Кончита на Евровизија. За неупатените, еден руски блогер возврати со фотографија од оние кои се решително против мажи со бради облечени во фустани.

Женски шовинистички свињи

Како знаеш дека твојот маж е веќе мртов?
- Сексот не е променет а далечинското ти е слободно.

Како рибар пали правосмукалка

Не мора да имате објаснување па да сфатите дека се работи за маж кој везден е по риба со својот чамец. И ете го, решава да ѝ помогне на жена му околу некои домашни работи.

Како треба да изгледа секоја дебата за климатски промени

"Не ти треба мислењето на луѓето во врска со факти. Тоа ти е како да правиш анкета 'Кој број е поголем 5 или 15?' или 'Дали бувовите постојат?' или 'Дали има капи?' Дебатата за климатски промени не треба да биде дали постои или не, туку што можеме да направиме во врска со тоа." П.С. Истиот овој формат важи и за секоја дебата што ви изгледа сулуда, како вакцинирање и слично.

Инсепшн

Меколи Калкин носи маица со Рајан Гослинг кој носи маица со Меколи Калкин.

Еминем ѝ се извини на мајка си

Откако згрна милиони додека јавно ја брукаше својата мајка Деби Матерс (се сеќавате на Cleanin' Out My Closet?), Еминем изгледа го стигнаа "трубите на совеста" па реши преку песна да ѝ се извини за сите срања кои ѝ ги приредил. Ако може тој, може секој. Јавете ѝ се на мама. 

Што после слободата?

На примерот на овој окотопод кој одвнатре го одвртува капакот на теглата во која е заробен, ќе видите колку е силна и универзална желбата за слобода. Откако ќе видите што прави тој откако ќе се ослободи, ќе извлечете уште некое наравоучение.

Како изгледаат 2.000 калории?

Сите ја чуле таа фамозна дневна доза од препорачани 2.000 калории ама како тие изгледаат во реалност? Хеј, можеме да изедеме 67 моркови во ист ден? Па што не кажете така!

На нога, браќа и сестри!

Инспиративно видео во чест на човечкото стопало и неговата генијална конструкција и дизајн. Стопалата се и доволно цврсти и доволно меки. И ако газат по тврда површина стануваат помеки, а ако газат по мека, стврднуваат. Поентата е: стопалото е направено за одење. Станете и одете! Оп, табуретката е за нас!

Кончита во сите нив

За разлика од Кончита, кој е скроз згодна (граматико, како е?), ова видео е правено од сосема поинакви мотиви, за сите оние жени кои мора да ги трпат своите неизбричени мажи.