Хајнекен на штикли

Ние обожаваме жени кои пијат пиво. Хајнекен уште не е дојден до таа лекција.  

Иако големите светски пива постојано губат пазарен удел заради популарноста на малите пива и (глупите) ароматизирани пијачки, тие и натаму им се нудат само на мажите.

"Чудна е таа стратегија, да се откажеш од половина население. Ако пивото е добро и за жени, дали мажите ќе престанат да го пијат?" се прашува Бизнис Инсајдер.

Последен ваков пример е Хајнекен (и еден негов компаниски партнер од Бразил) кој во пресрет на финалето на Уефа Лигата на Шампиони меѓу мадридските Реал и Атлетико, за непречено гледање на утакмицата и раат пиење на пивото, понудија  - 50 попуст на женски чевли додека трае натпреварот.



 

24 мај 2014 - 13:20