Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Џоан Риверс напушти интервју дека било негативно

Џоан Риверс дојде на CNN да ја промовира својата нова книга "Дневникот на лудата Дива." Не издржа многу. Добар дел од нејзините поенти имаат логика, но она што го работи останува мизерно, затоа што нема усул (види "Пивскиот стомак на трудната жена") и затоа што оние што работат за неа ги плаќа очајно (види: За "Tуѓи бели скечеви"). А ова излегувањево од интервју, најверојатно е смислено. 

Камера капка по капка

PhantomFlex се вика камерата. Има резолуција од 4К и снима со 1.000 фремови во секунда. Вака изгледаат првите снимки направени со неа.

Удрени од автобус

Ако од нашата цивилизација останат само холивудски остатоци, некои идни истражувачи би можеле да помислат дека видот хомо сапиенс бил комплетно истребен од видот авто бус.

Џихад што мава на розевко

Група милитанти од Сирија (главно младеж кои ќе изгинат ко пилци) обучувани од својот воинствен водач како да одземаат животи на неверници и слично. Потоа, тие ќе заминат во рајот а тој ќе продолжи да си црта срценца на тетратката со "Хелоу кити" која ја има пред себе. 

Луѓе кои избегале од цивилизацијата

Пред 4 години, фотографот Антоан Бри почнува да се пентари по европски планини. И таму, во зафрлени делови на  европската цивилизација почнува да наидува на луѓе кои се откажале од нејзиниот комфор заради личниот мир мир и слобода. Серија фотографии од некогашни професори, инижинери, студенти и нивните сегашни домови.

Сињска алка на јапонски начин

Одиме сега на една друга планета која се вика Јапонија. Имаат и тие телевизија, а богами имаат и изрека: За секое дупче постои капаче. Овој што лежи го викат Штрафо.

Леноне, добро е

Да не го упуцаше Марк Чепмен на време, кутар Ленон ќе требаше ова да го трпи. Никогаш не била талентирана, ама една упорност, па тоа е страшно. Јоко Оно на Гластонбери, 2014.

Копиљаци

Сè што е мало е копиљ сè додека не го осознае светот околу себе. А како што сите знаеме (и како што они ќе дознаат за некое време) тоа не оди лесно.

Bayhem

Или умешноста на снимање филмови на Мајкл Беј. Рецензијата е за неговиот комплетен стил, а самиот автор на видеото признава дека е ужаснат од тоа како Мајкл Беј ги снима филмовите и како тие изгледаат. Ама сепак му признава дека знае што прави, што сака публиката и дека е конзистентен.

Каде се парите?

На прес конференција, јапонски новинар прашува локален политичар да се изјасни за обвинувањата дека злоупотребил државни пари за приватни патувања. Сакаме вака!

Редизајнирање на Светското првенство

Што и фали на графиката на ТВ преносите од Светско? Генерално ништо, ама само затоа што никогаш не сме ни помислиле дека целата работа може да биде каде каде подобра. Забелешката не е само за Мундијал, туку за сите ТВ преноси од фудбал. Решението е на двајца британски дизајнери. (Забелешка: графиките што се појавуваат кај нас, се превземаат на светско ниво, не ги правиме ние).

Сорос на продажба

Пред две години ќерката на Сорос и нејзиниот маж пробаа да ја продадат куќата ама цената изгледа била висока па ја повлекоа понудата. Денес куќата повторно е на оглас, со пониска цена. Можете да заштедите 5 милиона долари.

Каков човек е Даниел Кајмакоски?

Добар, предобар. Посветен на фановите, љубезен кон општеството и природата, погоден за пријател, другар, комшија, идол и зет за ќерка.Тоа македонската интернет јавност интуитивно го препозна па на неговиот ангелски глас додава и белешки за неговата чак норисовски добра природа.

Езоповско видео

Има такви што се осеќаат најјаки, оти сите им се плашат и дека никој ништо не им може. Седат така најбитни на своите омилени места и уживаат во моментот.

Компјутерски фори за чаталење пред други

Твојата вештина со компјутери е правопропорционална на тоа дали во околина има некој што одма знае да ти го реши проблемот и колку време си решил да гулглаш решение за истиот. Ако одговорот на првиот дел е "Да," тогаш вториов дел никогаш не се случува. Еве нешто што може да ви се најде при рака во понатамошното дремење пред монитор.

Стоунси ги најавуваат Пајтоновци

Мик Џегер прифаќа да испадне глуп додека се заебава со староста на Монти Пајтон. Го кажува за нив она што секој нормален би го кажал и за Стоунси. Ете, тоа е се тие ненадјебиви фраери. Прајслес бонус: Чарли Вотс оптегнат на кауч.

Машината што јаде дрва

Едно од оние зен видеата во кое гледаш други луѓе како работат. Овие работат со тешка машинерија чија единствена цел е претворање на здрави и стоечки дрва во ништо.

Реклама на диви води

Една од оние "оди па објаснија на состанок со клиентот" реклама. Овие некако успеале да ја објаснат, а Дискавери каналот да ја прифати.

Ќе издржите ли да го одгледате цело ова 3 минутно видео?

Ух, ова боли! Признаваме, ние не издржавме. Ужасно е какви сме станале.

Лоши вибрации

Кампања за зголемување на свесноста за ризиците од чување оружје дома. Наменета првенствено за заштита на најмалите. Слоганот на кампањата гласи: "Ако го најдат, ќе си играат со него". Како е тоа визуелизирано?

Чак Џонс го црта Душко и Којотот

Две видео делиции за фановите на цртаните филмчиња. Маестро Чак Џонс лично. со придружни коментари ги црта Душко Долгоушко и Којотот (Брзата птица не ја спомнуваме од што не ја поднесуваме).

Ајде да не летаме

Шармантна и бескомпромисна пародија на сето она што се случува за време на авионските летови. На индијски, плус стујардесата е врв. 

Изолирани ритам секции

Прво неколку бубњеви, после неколку басови и удрете на вежбање.