Сорос на продажба

Пред две години ќерката на Сорос и нејзиниот маж пробаа да ја продадат куќата ама цената изгледа била висока па ја повлекоа понудата. Денес куќата повторно е на оглас, со пониска цена. Можете да заштедите 5 милиона долари.

Андреа Сорос Коломбел, ќерка на познатиот милијардер и човекољубец Џоррџ Сорос, повторно ја огласи својата куќа на Гриниџ Вилиџ, овојпат за цена од 24,7 милиони долари. Пред две години ѝ бараа 29, 5 милиони, но бргу ја повлекоа понудата.

Куќата е импресивна и на топ место. На речиси 800 квадратни метри, има 7 спални и 8 купатила, тераса со бавча, приватен лифт, сауна, сала за вежбање, три камина....

Пред 8 години ја купиле за 11,5 милиони долари. Годишниот данок за неа изнесува 85.000 долари.

Не ве брзаме да се решите одма, само да ве прошетаме, па вие видите, што како....

Куќата е изградена во 1884-та, во стилот на грчкиот ривајвл

Сите спратови се реновирани и реставрирани

Пространо и комфорно, камини на дрва, паркет рибина кост.

Најгоре тераса со бродски под и засади по желба

Поглед од онаа дневна што е најгоре

Купатило за перење и миење, во мермер, стакло и мозаик плочки.


Просторијата за гардероба

Кујна таман, да можеш да се завртиш

Детската соба, на четврти спрат

За жал, ова е последната слика, иако има посебна просторија за шминкање, бебешка соба, кујна само за појадоки соба за медитација

 

2 јули 2014 - 10:33