Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Фејсбук

Затоа што никој не може да направи да ти биде склет, како што ти сам можеш да си направиш кога изигруваш стражар на Фејсбук.

Кај ќе ти оди душата, кампања на денот

Ако сме поштени, песната можеш да ја ставиш и на реклама за Нутела и да те расплаче. Како и да е Ирска знае да направи кампања против пребрзо возење.

Рапот на Клинт Демпси

Капитен е на американската фудбалска репрезентација, со Гана играше 60 минути со скршен нос, на Португалија и го збрчи вториот гол. Инаку игра во Сиетл. Уште поинаку, го занима риболов и хип хоп. Видеото продуцирано од Најк ѝ е посветено на неговата сестра Џенифер која на 16 годишна возраст неочекувано умира од мозочен удар.,

Џон Оливер го растура Доктор Оз

Џон Оливер станува супер интересен феномен на американската тв сцена. Прво ги сруши серверите на FCC, потоа ја демонтираше ФИФА а овојпат го мези Доктор Оз, миленикот на површните поборници на здравиот живот, од Бостон до Кисела Вода. Како што дефинира еден наш ербап дечко од Америка: "Оливер моментално ѝ ја ебе мамата мамина на Америка на начин на кој Америка не може да му одолее. Ко кај нас Љубчо Георгиевски 91-ва".

Сè или корпа

Предизвик: да натераш девојка што прв пат те гледа да влезе кај тебе во кола. Предизвик мастер левел: треба да ја натераш да влезе без да и кажеш ниту еден, единствен збор. (Нормално и да не биде на сила). Користење читови: колата е Ламборџини.

Мундијалот во неколку вајнови

Да знаевме дека вака ќе биде воопшто не требаше да му ја мислиме можеше и ние да одиме на Светско, немаше ни најмалку да ја посрамотиме Европа. Некои не-клучни моменти од досегашниот дел од Мундијалот.

Како Рој Хоџсон ги исполни сите ветувања за Англија

Се што кажа селектрот на Англија пред Мундијалот, е остварено до последна буква. Нема зашто кој било да е незадоволен од него.

Оригинал vs. супер-маркет

Разликата е одгледувани за вкус и одгледувани за изглед. Ќе ги препознаете кои за што се.

Џегер и Боуви на тивко

Ако има нешто за што се добри двајцата тоа е за слушање, за гледање никако. Ако има некаде каде што двајцата заедно се добри за слушање тоа е Dancing In The Street. Наспроти се, еве ви го спотот, со нив двајца и ниту еден единствен збор или музика.

Расадот на Ридли Скот

Black Hawk Down е феноменалниот акционен филм за Битката за Могадишу. Историски знаеме тоа како заврши. Сега да видите како завршија 14 актери што глумеа во филмот.

Кондоми против преправање

Речиси сме сигурни дека Дурекс нема поим за тоа кој е нашиот сленг израз за нивниот производ, кога одлучил да поврзе реклама за кондоми со фудбалери кои лажираат фаул. Карма, колку толку.

Хакирање на ИКЕА

Што се може да направите со работи од ИКЕА ако ги користите како што не било планирано да ги користите. Меѓу примерите: цела канцеларија од пластични кутии, или мини бар, или маса од неколку греди и мрежа, или имате цел сајт да разгледате што им текнало на луѓето.

12-те вебиченствени

Видео омаж на најјаките интернет ликови, оние кои го редефинираа поимот за жестокост и ги принудија ликовите како Клинт Иствуд да се повлечат и да почнат да снимаат филмови за пички. Значи, оној со нончаките на рипит, јасно?

Лекции по историја: Зошто Бетамакс изгуби од ВХС?

За тие што зборовиве во насловот ништо не ви значат, глупо е допрва да проверувате на Википедија. За вас другите, една од причините е што буквално е полесно да шверцуваш ВХС видеорекордер отколку Бетамакс. П.С. Овие со авторските права уште пред 30 и кусур години биле истите плачковци ко денес.

Од дизајнерот на Ф-15 за тоа колку е глуп Ф-35

Човекот кој работи на Ф-15, а потоа е дел од групата која ги поправа сите дизајнерски грешки на Ф-15 и го создава Ф-16, седи и 10 минути го растура секој можен аспект на Ф-35, најновиот воен авион на САД. Зошто видеово? Затоа што: открива некои основни работи за воените авиони, објаснува како "стелтот" всушност никогаш не работел и ова го знае цел свет, а објаснува како и армијата е обична бирократија (со многу пушки) која само гледа зграби што е можно повеќе пари.

Како да извадите што сакате во Фотошоп?

Генерално постојат два клучни проблема со денешните фотографии. Првиот е што ги има премногу. Вториот е што на нив може да се најде работа која не сакате да ја видите. За првиот проблем не можеме многу да помогнеме.

Стивен Хокинг vs. Џон Оливер

Двајцата Британци. Двајцата соодветно славни во Америка. Првиот е еден од најбрилијантните луѓе на планетата, вториот се појавува на телевизија еднаш неделно и никогаш нема да излезе со Чарлиз Терон.

Даската која брак значи

Мажите никогаш не биле поблиску да ги замолчат своите позборлести половини кога ќе дојде на ред нивната омилена тема: зошто не ја враќаш даската? 

Иднината ни е розева

Врз основа на податоците од Светската здравствена организација, мапа на светот според болеста која одзема најмногу човечки животи. Ајде храбро, од нешто мора да се умре....

Како Меси ги троши своите пари?

Мајсторот многу држи до својата приватност. Веројатно тоа му помага да обрнеме внимание на неговата игра, а не на она што го прави надвор од теренот.

Шапел се отвори кај Летерман

Пред десетина години Дејв Шапел требаше да почне нова сезона од Шапел шоу и едноставно не ја почна. Од сите теории што се вртеа околу случајот, на крај излезе дека тој не се појавил на снимање и дека дека цело ова време доцни за на работа. Плус за парите и за работата.

Еднаш мадафака, секогаш мадафака

Семјуел Џексон не мора да му ја мисли што да прави ако некогаш го начекаат лоши дечки во темница. Им го вади фамозниот библиски монолог од Палп Фикшн (а како што ќе видите, впечен му е во меморијата) и лошите дечки ќе завршат бледи како Кира Најтли.

Рокенрол тривија

Десетици интересни факти за рокот кои ќе ги заборавите додека сте рекле е-дур.