Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

А ова е дечко ти кога мисли дека е сам дома

Ден после журка за Ноќта на вештерките, едниот цимер заборавил дека другиот е уште дома и фатил да чисти. Овој вториов фатил да снима.

Агушеви растуриле на Вомекс

Македонскиот принц на трубата Џамбо Агушев и неговиот спектакуларен оркестар го дигнале на нозе светиот храм на „ворлд" музиката Womex, пренесуваат од Пасворд. Свиреле пред публика сочинета од светски музички експерти, восхитени од македонскиот бенд. Неколку дена претходно, во Барселона се загреваа вака:

Сите претседатели личат исто

Естетиката на официјалните портрети на државниците не е случајна. Тоа го покажува еден аргентински фотограф во чија серија се губат поединечните лица и карактери а она што останува е токму она што нив и ги спојува - симболите на моќта.

Ќе јадам, пари сум дал

За 100 долари земал купон за неограничено јадење тестенини и сега душата му ја вади на ресторанот, јадејќи им по два пати на ден. Досега кркнал 95 оброци. Мора да има некое македонско потекло. Ален Мартин Јуфката, херој од Северна Каролина.

Си немал астронаутот работа

По нивно, ова се вика "испитување на површинскиот отпор на водата во услови на микрогравитација". По наше, како во насловот.

ММЕ чиј е паркингот

Секој проблем човек може да го реши со разговор и разбирање, само и само ако не се работи за паркинг место. Ако е паркинг во прашање, тогаш треба да се помириш дека нема човечко решение и тоа е.

Смрт фашизму, слобода народу

Radio Dept. се еден инди бенд од Шведска, ова им е последниот сингл. Како стигнал овој слоган до нив не знаеме, ама па што, само фашизмот ли ќе се шири? Нека се шири и антифашизам. Тој секогаш звучел посекси.

Кришна, кришна, шамар, шамар

Кабади е традиционално индиско одмерување на силите. Тепачка која и не е баш тепачка. Би требало да се дефинира како шамарање, ама повеќе е некако шлапање. Со закуцување. Џабе објаснуваме. Петли да го гледаат ова, ќе се искинат од смеење.

Го знаете ли Аслани, дебелиот?

Ариан Аслани, од Квинс, Њујорк. Попознат како Екшн Бронсон и како таков сериозно популарен; рапови, миксови.... А на каналот Munchies има емисија, нешто како Бордејн. Шета по светот (се гледа во видеото) и јаде (се гледа по него). Интересен.

Ова не е начин

За жал во снимањето беше повредено едно Ферари, поточно 458 Италија, 4,5 литарски мотор, 570 коњски сили, над 230 илјади долари. Поента - да се докаже дека бандажите (на Forgiato) не може да се скршат.

На гара во Шведска

Тунелбана (службеното име на метрото во Стокхолм) ја има една од најуникатните архитектури и во основа изгледа како најдолгата уметничка галерија на светот. Системот има 100 станици од кои 47 се под земја. Александар Драгунов прави фото сесија во која собира 33 од 47-те подземни станици. Ова се некои од нив.

Зошто децата од 70-тите досега требаше да бидат мртви?

Начинот на кој тогаш растеа деца денес би можел да биде осуден за геноцидни намери од некој Педагошки трибунал во Хаг. Родителите и нивните деца ги прекршија сите можни канони за безбедност кои денеска ги знаеме благодарејќи на науката и кампањите на Владата, па сепак, некако преживеаја.

Карпош се спрема за Нова Година

Додека музичката и касетна комисија на општина Карпош грозничаво заседава околу финалната плеј листа за прославата на најлудата ноќ, комшии ни дојавуваат дека од нивните бараки трешти следнава 13-то минутна рапсодија:

Шекил моментите од кариерата на Шекил

Во НБА влегува во 1992-ра, како прв пик на драфтот на Орландо Меџик. Од тогаш само расте (додуша повеќе физички и како шоу-мен, отколку по бројот на прстени) за да се пензионира како еден од најголемите играчи во историјата на НБА. Ова се некое негови, одбрани моменти.

Видео кое не е за деца

Во видеото нема секс, нема насилство, нема погани зборови. Па сепак...

Флипери во вашиот браусер

Маме32 е емулаторот кој со години дозволува на компјутер да симнувате и играте (речиси) која било игра од флипери. Сега Интернет архивата ги одбра најдборите игри од флипери што може да се играат на Маме32 и им направи посебна категорија во која засекогаш ќе бидат зачувани. Плус сите игри може да се играат во браусер.

Силно светнала ноќ

Буричкајќи по ДНК, луѓево создаваат растенија што светат ноќе. Благородна мисија која би заштедила енергија и на убаво би ни го сменила ноќниот пејсаж. Сè додека не решат техниката да ја применат и кај луѓе. Ноќе, некаде кај МТВ, ви текнува?

Селфито на Розета

По 10-годишно патување низ вселената, во ноември треба да кулминира Розета мисијата со приземјување на леталото Philae на комета, со цел изучување на тајните на универзумот. Пред да слета, леталото испрати неколку фотографии од кометата. За перспектива на површината, на секоја од фотoграфиите има еден Боинг 747 (долг 70 метри, распон на крилја 64 метри).

Најжестокиот мадафакер кој сте го виделе

Му се случува гаф кога се снима со пиштол и се прави најјак. Ама потоа (одново и одново) пробува да го поправи имиџот. Не нè прашувајте дали он тоа озбилно. Појма немаме. Би сакале да веруваме дека е заебанција, ама, не сме сигурни.

Класична музика што гори душа

Не дека е некоја вонредно потресна симфонија и не дека вам нешто би ви горело од музикава. Пожарот е кај оркестарот што пробува да ја отсвири "Tango Jalousie" после изедено пеколно љута чили пиперка. Минута и четириесет се на чисто, после тоа (грлом у јагоде) ја лапаат пиперката.

Еден поинаков спот

Ау, ама ова добро функционира! Музички видео спот во кој оживуваат омотите на старите плочи. Пробајте тоа да го направите со песните кои ви се на клауд. Музиката е на Рој Кафри а ова интересното на Ванја Хеиман, 1986-та, Израел.

Париз, воајерски

Зјапање по комшиски прозори е простачка работа, освен кога се работи за Париз, кога сето тоа добива чудно привлечен шмек. Плус, никој бре со бор машина нема!