Алехандро Алмараза покажува дека офоцијалните портртети се прецизно конструиран композиции чија главна намена е да го болдираат авторитетот на субјектот.
Во серијата "Портрети на моќта" тој преклопува меѓу 4 и 40 фотографии од државници во една земја а крајниот резултат покажува дека ликот и не е толку битен. Тој бледее и станува непрепознатлив. Она што се засилува е приказот на моќта што во размките на една земја и култура се комуницира преку константен визуелен јазик.
Кај генерацијата јапонски премиери тоа е купот медали и други воени инсигнии а кај американските портрети, главниот симбол е знамето.
Слична компарација на визуелните фиксови на комуникацијата Алмараз има правено и со цркви, музеи и други објекти кои еманираат моќ.