Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Корпоративен кукавичлук

По повод сите случувања околу Интервјуто и последователната реакција на Сони и уште неколку компании, Џорџ Р.Р. Мартин реши да напише нешто на својот блог. Сумирано - не ми се верува колку уцвикавте.

Сестри, пак

30 годишен маж оди наоколу и ги снима разговорите меѓу мајка му и тетка му. По ова наоѓа уште еден 30 годишен маж (брат му) и заедно со него ги имитираат двете сестри. Сега муабетот е за Бил Мареј.

Трикот на Ал Јанковиќ

Вилман (еден магионичар со смисла за хумор) му го покажал најглупиот трик што овој во живот го видел па сака да го сподели.

Одјавувањето на Колбер

По 10 сезони како водител на сопствено шоу на Комеди Централ, Колбер од април ја продолжува кариерата како следниот водител на Лејт Шоу (на Летерман). 18 декември беше последното изадение на Колбер репорт.

Митологија и историја на Господарот на прстените

Пред да биде Господарот на прстените, пред да биде Хобитот, пред да биде што било, постои Еру Илуватар, богот и создателот на целиот Универзум на Толкин. Видеово ќе се обиде да ви ги објасни основните работи од Силмарилион (колекцијата на дела на Толкин во кој се објаснува потеклото и се што се случува во неговите книги), кој кого создал, кој како настанал и слично.

Порно сцена на денот

Дека ќе победи љубовта и храброста. Дека витези се уште постојат. И дека женскиот лик нема време за многу тејкови бидејќи тоа маската брзо се суши.

Што канџата?

Едно е да се бунтуваш против властите и секој можен авторитет, друго е да не правиш разлика меѓу цена на казна за паркирање и колку ќе те чини поправкна на БМВ Икс 5-ка.

Беше еднаш во Сараево

Новинарка на Ал Џезира прави документарец за Топ листа надреалиста и што и како се случило со групата. Сака пак во Сараево да ги спои Ѓуро, Неле и Зенит. Она што успева е само да разговара со секој од нив оделно, секој да каже што има.

Трејлерот за прес - конференцијата на Путин

Автентично видео (не од фанови или заради сатира) кое е стокмено и се емитува на државната телевизија Русија 1. Прес-конференцијата е закажана за 18-ти декември.

Првата ноќ на Робин Вилијамс во рајот

Како би изгледал стенд-ап на Робин Вилијамс пред неговите рајски колеги, на првиот ден од неговиот престој таму? Били Кристал се обидува да ја замисли таквата сцена. Ако има рај, тој веројатно изгледа вака.

Човек на човека му е гневна девојка

Права девојка не ти раскинува за тоа што си ја наместил, него ти го собира неколку месеци и те чека кога ќе бидеш најранлив да те изрезили пред цел народ. И да е наместено, греота е.

Држете се храбро, еве ги Темпера!

Моментално најсилната тупаница на скопската рок сцена, Темпера, имаат нова ствар. Се вика Коњаници и е преработка на Падот на Византија. Ќе чуете, пуцачина! Музичката артилерија на Архангел (Гино, Џоле, Мите) плус Тања на фронтот и ете ви еден добар, стегнат пичвајз!

Зошто неизбежно ќе завршиш во брак со погрешен човек

Прво, во сериозна заблуда си околу самиот себе. Второ, сигурно не знаеш и нема да ги поставиш вистинските прашања на идниот партнер. Останатите причини изгледајте ги во видеото.

Како иде?

Стилска вежба на исто поставено прашање. Анкетната мостра - репрезентативна.

Ти против Ворен Бафет

Обично прашањето е колку треба да работиш за да ја заработиш платата на Ворен Бафет. Сега истото прашање е обратно поставено - колку време треба да работи Бафет за да ја заработи вашата годишна плата. Многу е голема веројатноста дека од почетокот на текстот до сега, он веќе завршил работа.

Збунки од брзање

Таткото на Мери има пет ќерки: Нана, Нене,  Нини и Ноно. Како се вика петтата ќерка?

Кој род се компјутерите?

На курс по шпански јазик во Лондон, професорката се обидува да им објасни на присутните, дека во шпанскиот именките се или во машки или во женски род. Така, на пример: куќа е женски род, la casa, додека молив е во машки род, el lapiz. По ова некој од студентите прашал кој род е компјутерот.

Чешмовача, walk with me

Во близина на домот на овој дечко во Северна Дакота се врши фракинг, една исклучително контрадикторна техника на вадење енергенси од земјата која дебело ја пореметува крвната слика на почвата (ѕирнете го Promised Land со Мет Дејмон).

Родителски совети од Хомер

Сакам да ти кажам нешто. Има три реченици кои ќе ти помогнат да го истуркаш животот. Број 1: Лажи за мене. Број 2: Тоа е добра идеја, шефе! Број 3: Такво беше кога дојдов.

Време за музика

Плеј листи со околу 18 гига музика или точно 2,748 песни. Она што ја разликува оваа листа од останатите е што е составена исклучиво од миксови на песни а освен тоа нумерите кои се измиксани се од радикално различен музички правец. Shaggy vs Rage Against the Machine, или Хендрикс и Џеј Зи.

Кјут

Бебешко плачење, пуштено преку подобрајзер/ шабанајзер.