Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Десантот на Колбер

Американскиот претседател се појави како водител / гостин во едно од последните изданија во историјата на Колбер репорт, и читаше што сеир му подготвиле на негова сметка. Без бунење. Последната епизода на шоуто е закажана за 18-ти декември.

Комедијата во Лиам Нисон

Маестрално парче комедија со Лиам во кое седиш и ќутиш и не му враќаш на Лиам Нисон, без разлика што си Рики Џервејс и он е дојден кај тебе во канцеларија за да те праша за совет околу комедија. Не му враќаш.

Значи тоа се тие журки

Видео анатомија на една вратоломна журка, особено вратоломна за оној во белото.

Дома е онаму каде што те влече

Имаме прекрасен и дирљив видео доказ за оваа дефиниција. Ќе видите едно младо момче. На прагот на својот дом. Додека е надвор, го лулаат страшни ветришта во разни правци. Но, стоички ги издржува тие налети затоа што некаде длабоко во својот жироскоп.... знае.... дека дома.... е онаму каде што го влече.

Додека чекаме да влеземе во ЕУ

Може ли да се научи нешто од Иво Андриќ?

Како Ајпад каже

Го имате ритамот во вас ама немате просторни услови за да распалите по вистински бубњеви? Дечково има Ајпад и тоа му е сосема доволно да ве остави без зборови.

Кога убавиците пушеа а џентлмените знаеа да задоцнат

76 годишниот фотограф Тери О'Нил за магазинот Ел ги сподели приказните позади некои од своите најомилени фотографии. Кога Елизабет Тејлор му пали цигара на Боуви, кога Мик Џегер не е главниот секс симбол на Ролинг Стоунс, кога Френк Синатра е онаков каков што секогаш бил - најјак.

Сакавте одговори, еве ви одговори

Маршон Линч е американски фудбалер на Сиетл Сихокс кого НФЛ го казни со 100.000 долари затоа што одбил да даде изјава за медиумите, што е една од професионалните обврски на тамошните рагбисти. Ова е неговото прво интервју откако му беше изречена казната.

Животот без топ-шоп

Топ-шоп и сличните формати се потпираат на реклами со едноставна структура која содржи два дела. Во првиот дел (црно-бел и ужасен) ви прикажуваат каков ви е животот без нивниот производ а во вториот дел (шарен и среќен) каков ќе биде откако ќе го завртите бројот и ќе ја направите нарачката. Е па, овие првиве делови, собрани на едно место, кога со сила се прават глупи и несреќни.

Величественоста на Џеки Чен

Едни прават комедија, други прават акција, Џеки Чен 40 години го има усовршено комбинирањето на двете.

Космички чергари

Wanderers е кратко филмче за тоа како би можелe да изгледаат моментите кога човекот ќе почне да се населува во својот планетарен комшилук. Нема приказна, само фини сцени кои патем, се дигитални реплики на автентични простори во Сончевиот систем. Текстот и гласот се на Карл Саган. По пат одам, за пат прашам....

Инспирацијата што ви недостасува

Одлична компилација на бескрајно инспиративни постери и цитати кои ќе ви го разубават животот и ќе ве натераат да сонувате соништа полни убавини. Не му обрнувајте внимание на придружниот текст, таму е само за да ви го скрши филмот. Лапај постери.

Битлси во Советскиот Сојуз

Германскиот родоначалник на тн "среќна музика" Џејмс Ласт, на Дњепар во Киев, 1972 година. Натурална, безгрижна наива; жени бутаат на екс, мажи со фасцинантен дезен на купаќа. Песната е "Here somes the sun", спотот е "Here comes the pig."

Ќе ја познаете ли Македонија?

Штотоуку извадено од архивите, кратко документарно парче за Македонија од 1972 година, кое се врти околу легендардниот парен теснопругаш и животот на неговиот кондуктер.

АдВик 10-те најдобри видео реклами за годинава

Дрога5 е единствената агенција што има две видеа на списоков, едно видео воопшто не е правено од агенција, а 4 од 10-те најдобри се од надвор до САД. Сите 10 одлични за гледање.

Вечера за Денот на благодарноста

Целава работа многу брзо ексалираше, и најмногу греота за мајката што спремала сè ова (и греота што фрлија толку храна). Најдобро пројде тој што снима, а според тоа што нема да изеде ќотек се гледа дека е постар брат.

100 постери од 100 филмови

Некои се оригиналите, некои се одлични алтернативи за тоа како можеле да изгледаат оригиналите ако продуцентите не решеле да одат на сигурно.

Што можеше да направиме со водата

Водата што е потрошена за да добиеш една шолја кафе (од одгледување на зрната кафе, па додека да стигне кај вас дома и да го сварите) е околу 132 литра, или исто како да си се избањал + измил заби + едно пуштање вода на казанчето. Има и други математики.

Видео за лечење страв од високо

Регуларна автобуска линија на Хималаи од точка А до точка Б. Патот (по сите основи на здрав разум) е едносмерен, ама не е досаден и има спектакуларен поглед. Или ќе се изнауживате во возењето или цел пат мижење.

Зошто на некои секогаш им студи?

Проблемот со овие не е толку тоа што секогаш им е ладно, затоа што тоа е нивен проблем. Проблемот на сите други е теророт што овие го вршат по основа на студ, па заради нив не можеш да ја ставиш климата на ладно, да проветриш или да отвориш врата, прозор, малиот прозор (барем на кипање?)... п.с. А, да облечеше тренерка?

Руска Мама миа

Што друго да прават Швеѓани во случај на руска воена инвазија, освен да се свртат кон античкиот шведски борбен крик - Мама миа. Барем Русите така замислуваат.

Готвење за деца

Перфектен рецепт за јадење за вашето дете што успева секој пат. Секој. Пат. Гаранција, сите родители што некогаш го зготвиле.