Корпоративен кукавичлук
Ова е надреално.
Во запрепастувачки приказ на корпоративен кукавичлук, Регал, АМЦ, и секој друг голем синџир на кино-сали во САД ги откажаа своите планови за емитување на новата комедијата со Сет Роген / Џејмс Франко Интервјуто, заради - да сериозно, ова не е скеч на Саут Парк (иако наскоро очекувам да биде) - закани од Северна Кореја.
Не ви е познато Интервјуто? Еве ви го трејлерот:
Мислам, сериозно? Сериозно?? Гигантскиве корпорации, од кој најголемиот дел можат да ја купат Северна Кореја со кусурот што им е по џебови, одбиваат да пуштат филм затоа што на Ким Јонг Ун не му се допаѓа што го исмеваат?
Тука нивото на корпоративен кукавичлук ме запрепастува. Добро е што овие истиве не беа одговорни во времето кога Чарли Чаплин го снимаше Големиот диктатор. Ако Ким Јонг Ун ги плаши, тогаш од Адолф Хитлер ќе се посереа во гаќи.
Дури и Сони, кои го направија филмот, го прифаќаат ова. Има илјадници мали и независни кино сали низ земјава, како мојата, кои со задоволство би го прикажувале Интервјуто, без разлика на заканите од Северна Кореја, но наместо да изберат други сали, Сони комплетно ја откажа божиќната премиера.
Не сум го гледал Интервјуто. Немам поим колку е добар или лош филмот. Може да е пресмешен. Може да е глуп и навредлив и скандалозен. (Всушност, прилично сум сигурен во делот околу скандалозноста.) Може да е сето ова заедно.
Ама не е тоа поентата. Без разлика дали е новиот Граѓанинот Кејн или следниот План 9, ме запрепастува тоа што филм на едно од најголемите филмски студија може да биде тргнат пред премиера заради закана од странска сила и анонимни хакери.
Колку да се знае, Жан Кусто Синема со задоволство ќе го емитува Интервјуто (под претпоставка дека Сони ќе го пушти филмот за кино проекции, наместо да го стримува или директно да го пушти на ДВД), доколку ни биде достапен. Сет, дојдете во Санта Фе, ние ќе го проектираме вашиот филм за вас.