Наместо да даде одговор професорката го поделила класот на две групи, машки и женски, чија задача била самите да одлучат дали "компјутер" треба да биде машка или женска именка. Секоја група требала да даде 4 објаснувања за своето тврдење.
Машката група одлучила дека компјутер дефинитивно може да е само во женски род la computadora, бидејќи:
- никој освен нивниот креатор, не може да ја разбере нивната внатрешна логика.
- јазикот кој го користат за комуникација со останатите компјутери е неразбирлив за сите останати.
- Дури и најмалите грешки остануваат евидентирани во трајната меморија, доколку има потреба подоцна да се разгледаат.
- Откако ќе се посветиш на еден, наскоро ќе завршиш трошејќи речиси половина од платата на негово до средување.
Сепак, женската група не се согласила со ваквото лингвистичко објаснување и во својот извештај порачала дека компјутер може да биде само во машки род el computador, бидејќи:
- За да направиш било што, мораш да го подигнеш.
- Имаат премногу податоци, но не можат сами за себе да размислуваат.
- Тие би требало да ги решаваат проблемите, но во 50% од случаите ТИЕ се проблемот.
- Само што ќе се поврзеш со еден, сфаќаш дека ако си почекала уште малку би добила нов и подобар модел.
Жените победиле.