Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Неочекувано длабок Луи

Еден стар човек, мизерија, љубов, бившата, ти како класичен идиот, и собирање кучешки измет од улица (ова последново чисто од хигиенски причини).

Како фини и паметни луѓе завршуваат во секти?

Некогаш и харизматичните водачи околу кои се гради култот не се свесни што се случува околу нив.

Македонскиoт спот за Faith No More

Групата се вика Faith No More. Песната се вика Cone Of Shame (од албумот Sol Invictus). Режисерот на видео спотот се вика Гоце Цветановски. Локацијата се вика Македонија.

Опасна, опасна песна

Две хармоники и женски глас. Тоа е доволно да бидете вовлечени во оваа песна, заебана ко ладна Неретва. Другар што ја пробал песната на само, со нешто алкохол во близина, така се има дроб направено, со денови не можеше на себе да си дојде. Тие се викаат Диванхана, таа се вика Емина, другарот е од Битола.

Децата никогаш не ги бивало

Многу е погрешно да кукате на денешните деца. Дека се рассеани, дека не им е тука паметот, дека една важна работа ќе им кажеш а тие баш таа ќе ја заборават... Отсекогаш било така.

Момент почит за маестралноста на секој Ф1 возач

Освен што во еден круг, барем Розберг, прави 34 менувања на брзината надолу, и 35 нагоре, прави и 13 посебни измени на подесувања на системи како DRS, BMIG, BBAL и STRAT, и тоа при брзина од над 300 км/ч. Во пресметката не се влезени подесувањата до стартот и крајот на трката.

Сакате повеќе пропаганда?

Надвор веќе ги препознаваат како една од најдобрите музички екипи од Балканот. Играат офанзивно, никогаш не пимплаат за да чуваат резултат, не кукаат дали судијата е фер. Даваат голови. Бернајс пропаганда. Имаат нов видео спот за песната "Повеќе". Кликни за "повеќе". 

Предлог за распишување тендер по итна постапка

Кој треба нека го пишува тендерот, другите уживајте. Снимано во Манчестер.

Луѓе, не се издржувате

Жената проба, стварно ја впрегна сета своја сериозност за прилогот да биде разумно и смирено пренесен, ама некогаш не се додржува, посебно ако тоа некогаш е - човек што решил да стане коза.

Следниот филм што треба да го гледаш

Не е еден, и не е конкретен, туку лично од тебе зависи. За да почнеш бираш три филма што ти се свиѓале, и врз основа на нив сајтов ти вади список со филмови што би требало да ти се допаѓаат. И најчесто ги гаѓа. Како со тек на време го дополнуваш својот избор, така и сервисот станува подобар во погаѓање на твојот вкус.

Конечно музички сервис што може да успее во Македонија

По најразлични Пандори, Спотифај, Тајдл и што се нема да смислат Американците, единственото изводливо решение, кое изгледа сосема природно и како да ќе се зафати кај наш народ, доаѓа од Мексико. Kонкретно од улиците на Мексико сити.

Ја најдовме источната тетка на Глоријан

Благодарејќи на старата маалска 2Д технологија (Другари Душмани), до нас допре песна од една хонгконшка пејачка по име Винг. Бидејќи сме многу мазо, ја слушавме додека крв не ни потече од уши. А бидејќи сме по малку и садо, ви ја пуштаме и вам. Ако Белопета не ја донесе во Скопје, стварно е шконтар.   

Мистеријата на 4 часот наутро

Нема никаква мистерија околу 4 часот наутро, апсолутно никаква. Ама тоа не значи дека не можеш да извезеш нешто што ќе личи на автентичен заговор.

Неочекувана духовна поддршка за Хилари

Еден од најчудните аргументи во предизборна трка. Група еврејски баби и по некој дедо бараат од младите да не гласаат за Трамп со потсетување дека тие се стари луѓе и брзо ќе умрат. А кога ќе умре човек, дури тогаш тешко го контролираш.

Интервју со секретарката на Хитлер

Траудл Јунге влегува во најтесниот круг на Хитлер во 1942 кога има само 22 години и останува со него до последниот ден. Нејзе Хитлер ѝ го има диктирано својот тестамент и според нејзините сведоштва се реконструирани последните денови во бункерот во филмот Der Untergang. Пробува да објасни како е можно да си во центарот на збиднувањата а да си во слеп агол на она што се случува наоколу.

Паркинсон, без и со марихуана

Видеото е снимено од еден Британец и посветено им е на британските парламентарци кои периодов треба да дебатираат за легализирање на марихуаната во медицински цели. Може да го гледаат и луѓе што не се британски парламентарци.

Како женските раскинуваат во три чекори

Таа: Готово е со нас.
Тој: ОК.
Таа:

100-те најдобри телевизиски шоуа на сите времиња

Ролинг Стоун магазинот проценува дека бумот кој моментално се случува во телевизиската продукција го започнуваат Сопранови на почетокот од овој век. Тие прават подолга и пообемна анализа на темава, рангирајќи ги и рецензирајќи ги 100-те најдобри телевизиски шоуа на сите времиња (серии, ток шоу, ноќни програми...).

Хилари меѓу папратите на Галифинакис

Меѓу стандардно ужасните (одлични) фори, Галифинакис успева на Хилари да и прошверцува неколку тешки прашања и една реклама од Трамп (да го поздравиме спонзорот на емисијата).

Џервејс за неколку прашања околу религијата

Човекот што едно телевизиско шоу го заврши со "Фала му на Господ што ме направи атеист," одговара на најчесто поставуваните прашања што ги добива како атеист. Една од главните пораки му е до верските екстремисти: - Бог е семоќен, не му треба твојата помош!

MoMA за вас прекрасни луѓе

Њујоршкиот Музеј за модерна уметност заврши со дигитализацијата на сите трудови од изложбите што се одржани во него од 1929 до 1989, и заедно со 33 илјади фотографии, 800 изложбени каталози и околу 1.000 документи поврзани со 3.500 изложби ги објави на интернет. Бесплатно. За некое време ќе има и апдејт за периодот од 1989 до денес.