"Ова е една од оние песни кои мораа да имаат видео, бидејќи во себе содржи многу визуелност. Со оглед на тоа што песната го има она чувство "американа", ќе беше лесно спотот да го снимаме во Аризона или Њу Мексико, но бидејќи неколкупати сме биле во Македонија, таму почувствував атмосфера која баш би одговарала. Гоце Цветановски како режисер тоа веднаш го разбра, знаеше точно што да прави со тоа и заедно со неверојатниот кастинг, успеа да создаде нешто многу мрачно и визуелно прекрасно."
Били Гулд, басистот на Faith No More
Гоце Цветановски стои зад анимираните “Хансел и Гретел” и “Човекот што не сакаше да умре”, кратките играни “Човекот што не беше таму” и “Мал дисконтинуитет во времепросторот“ како и документарниот филм “Детето во светот”.
Зад продукцијата на спотот на FNM стои македонското студиото за анимација Lynx Аnimation Studios