Приказна за EnlightenNext, организација формирана од самопрогласениот гуру Ендру Коен ккоја требала да работи на духовно будење на членовите. Најпосветените знаеле да медитираат со недели и месеци, живееле заедно, во целибат.
Но, она што започнува како идеалистичко патешествие се претвора во сложен и често опасен свет кој се плете околу Коен. Тоа е муабетот на ова кратко филмче: како интелигентни и добронамерни луѓе завршуваат во такви опскурни друштва.
Се зборува и со некогашни членови и со самиот Коен чија секта по 27 годишно постоење се распаѓа речиси преку ноќ.