Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Гана има џип, Гана има тенк

Лика го даде Никола Тесла, Словенија го даде Херман Поточник (види го мокументарецот "Houston, we have a problem") а Гана го даде Апостол. Апостол Доктор Квадво Сафо Кантанка, генијалниот инжинерски ум кој со локални материјали и уште полокални заварувачи на својата земја ѝ возврати со првиот џип со погон на 4 тркала и првиот тенк. Тенк!  

Хаксли за техно - диктаторите

Ако сакаш својата моќ да ја задржиш неограничено, треба да ја добиеш согласноста на владеаните.

Татко е за страдање

Од мајки се учи како треба, од татковци - како не треба. Некогаш страдаат тие, некогаш оние на кои им се паднале. Битно, страдањето е општо.

Кога муабетат две Мисици

Си биле две мисици. Едната од Филипини, другата од Австрија. Оваа од Филипини пробува да започне пристоен муабет со колешката, давајќи ѝ до знаење дека не е до толку без информации за нејзината земја.

Како Чиваз стана премиум бренд

Со курчење, нормално. Едно долгогодишно, упорно и добро изведено удирање на суетатата на оние што сакаат луксуз и чалам. Притоа, ако имаш фанови како Френк Синатра или Хантерс Томпсон, приказната е забетонирана. Серија рекламни принтови на оваа тема. 

Најшармантната прослава од ноќеска

Не зборуваме за нашата, чисто од страв да не се урочиме. Зборуваме за средбата меѓу Норвешка и Сан Марино, кои играа квалификации за Светско. Сето ова заврши со убедлива победа на Норвешка, меѓутоа се случи нешто крајно неочекувано за сите, Сан Марино даде гол. И тоа не каков било гол, туку гол на гости, на квалификации за светско, што за нив е прв ваков гол од 2001-ва. По голот, на твитер профилот @soccersanmarino се случуваше делириум.

Најбрзиот рапер против најбрзата дактилографка

Тој има 60 секунди на Гинис да му докаже дека е најбрзиот рапер на светот. А таа веќе е влезена во книгата како најбрза и му фаќа стенограм. И после му чита што кажал. Не му чита многу.

Кога Горбачов сними реклама за Пица Хат

Во историјата тој е човекот кој го сруши Берлинскиот ѕид, стави крај на Советскиот сојуз и воведе демократија во половина свет. Ама од историја не се живее.

Некој само што победи во интернет

Појака порака од Бенд еид, Лајв еид, Ју рок мисија, Битлси и Ју ту заедно.

Кафанска игра за мирна софра

Многу лесно се игра: 1. ги ставаш сите мобилни на куп; 2. кого прв го побара жена му / девојка му, ја плаќа сметката; 3. тензија.

На работа, на ганџа

Работен ден во фарма за канабис на затворено. Не, не дуваат по цел ден, него ја имаат средено на ниво на аптека и сè изгледа толку бајковито што мислиш дека можеш да ја помирисаш марихуаната.

Корејците збудалени по музиката на Четкар

Позната е сериозноста и контемплативноста на македонската џез-публика (само по себе цепки кога е тоа дифолтно и очекувано глумење). Од друга страна, Корејците сосема поинаку се примаат на џез.   

Холивуд до Токија

Онаа сцена со Бил Мареј како снима реклама за виски во "Изгубени во преводот" не е баш од памет извадена. Она што се српските пејачи и пејачки за македонските градоначалници и питијади, тоа за холивудските фаци се јапонските маркетинг тезги.

Решен проблем

За магија да успее, треба да веруваш во магија. Она не верува, он верува, она му раскинува (веројатно од љубомора затоа што на човекот му оди во живот).

Метју не се заебава, не се заебавајте ни вие

Некогаш медиумите се посериозни отколку луѓето до кои се обраќаат. Како изгледа една сериозна, професионална и ургентна порака на американски метео канал за луѓето од Флорида и другите области кои ќе се најдат на патот на ураганот Метју.

Кога на Русин му е досадно

Александар Емелијаненко, брат на најфасцинантниот борец на сите времиња Федор (кој исто ја има таа "ич нејќам да те тепам, ама кога сме веќе овде" фаца) против еден напнат противник со опасен изглед.

Ултра-ортодоксните рокенрол рабини

Ариех и Гил се и крвни и духовни и музички браќа. Сакаат да ги разбијат стереотипите за нивната вера и можат да се најдат на улица, како проповедаат Пинк Флојд, Битлси, Клептон....

Водич низ измами за луѓе што немаат поим што им се случува

Дефиниции на три финансиски појави кои се карактеристични кога на телефон ќе видиш дека те бара пријател што не си го чул веќе седум години, или роднина што го знаеш само од муабетите по дома. Концептуално гледано во основа сите се замена за навиката - дај пари на заем, и кај сите важи правилото - плати сега влез, па после и ти како Н.Н. ќе почнеш да правиш ХХ пари месечно.

Веројатно најдоброто парче од Џон Оливер

И видеото воопшто не е ни од Минатата недела вечерва, туку години пред ХБО да му даде негово лично шоу додека уште беше кај Џон Стујарт.

Али Џи на фарма

Али Џи е нашата омилена инкарнација на Саша Барон Коен, и повеќе од Борат. Седна со стариот и душа му извади.

Како се калеше Мекнагет

Мекдоналдс е американска компанија за брзa храна, која ја има во речиси 120 држави низ светот со околу 36.600 ресторани. Меѓу останатите работи на менито, Мекдоналдс имаат и Мекнагет, парчиња похувано пилешко.

Како тројца мажи креираат "силен женски лик"

Измислен состанок меѓу филмски режисер, автор на Марвел стрипови и автор на манга. Целта на измислениот состанокот е да креираат измислен силен женски главен лик, за некој иден измислен филм.

Кинолошка демократија

Нафтена компанија сака да пушти цевки. Домородци од 90 племиња сакаат да ги сочуваат своите гробови и свети места. Домородците имаат право на протест. Компанијата има кучиња. САД, Северна Дакота, денес.

Рамбовиот БЕНД ЕИД за авторски права

Да се разбереме, авторот на музика има право да живее од својот труд, како што тоа го прави и фурнаџијата од лебот или програмерот од својата апликација: Друго прашање е што поради цивилизациската дупка во која се најдовме, пиратеријата беше нашата единствена врска со тоа што се прави во светот, во областа на филмот, музиката и порнографијата. ОК. And now something completely different.