Водич низ измами за луѓе што немаат поим што им се случува

Дефиниции на три финансиски појави кои се карактеристични кога на телефон ќе видиш дека те бара пријател што не си го чул веќе седум години, или роднина што го знаеш само од муабетите по дома. Концептуално гледано во основа сите се замена за навиката - дај пари на заем, и кај сите важи правилото - плати сега влез, па после и ти како Н.Н. ќе почнеш да правиш ХХ пари месечно.

Понзи шема
Даваш пари во инвестиција која ветува огромен повраток на средства (и одреден надоместок за консултантот). Инвестицијата никогаш не генерира пари, туку си платен од парите што доаѓаат од нови луѓе кои инвестираат во "шемата". Ако инвестираш 10.000 долари, а ти ветуваат дека ќе добиваш по 1.000 долари месечно, овие 1.000 долари доаѓаат од 10-те илјади долари на новите членови кои ќе се зачленат после тебе. Сето ова функционира додека системот не се сруши самиот врз себе, односно има повеќе постојни членови што треба да ги храниш, отколку што има прилив на нови. Ова секогаш е нелегално.

Пирамидална шема
Тука секогаш има некој производ. Го продаваш производот профитирајќи ситни пари, или преку регрутирање на нови продавачи за кои добиваш посериозен удел. На пример го имаш It Works. Купуваш почетен пакет кој вклучува и надомест, овој надомест му е даден на човекот што те регрутира. Можеш приказната "да бидеш сам свој газда" да им ја продадеш и на 10 луѓе, и за секој од овие десет добиваш дел од нивниот надомест.

Матрикс шема
Тука станува збор за обем. Купуваш некој преценет производ, на пример кутија ДВД-а по повисока цена што ти се за продавање. Ако натераш 20 луѓе да ги купат овие ДВД, ти си на листа за добивање ЛЕД телевизор. Сепак, математиката покажува дека ако цел свет се приклучи на оваа шема, околу 90% од луѓето никогаш нема да го добијат производот од повисоко ниво.


Понзи шемата (името го добива по Чарлс Понзи) вклучува лажење на инвеститорите. Останатите две не кријат како ги прават парите, меѓутоа најголемиот дел од учесниците во нив гарантирано губат пари.

5 октомври 2016 - 17:07