Ултра-ортодоксните рокенрол рабини

Ариех и Гил се и крвни и духовни и музички браќа. Сакаат да ги разбијат стереотипите за нивната вера и можат да се најдат на улица, како проповедаат Пинк Флојд, Битлси, Клептон....

Во 2013-та имаат настапувано на израелско тв шоу за музички таленти. За Ариех "моќта на музиката е над сè" а за Гил таа е "света и божја работа бидејќи создава љубов и ги спојува луѓето."

Кога ќе ја отпеат Sound of Silеnce, овие зборови звучат уште поуверливо.

6 октомври 2016 - 12:56