Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Како да разликуваш добра од лоша анкета

Лоша анкета ти е како да пробуваш каква е чорбата, ама си земал само една лажица од горе. Добра е ако прво си ја промешал цела чорба, убаво до доле, па дури потоа си извадил една лажица.

Нова, точна мапа на светот

Мапата изработена од Аутаграф ја доби наградата Гуд дизајн 2016, а нејзиниот главен подвиг е што успева точно да ја претстави површината на континентите на светот, нешто што сите други мапи со векови го лажираат.

Разлика меѓу дизајнер и клиент

И разликата меѓу дизајнер и обичен корисник, и разликата меѓу очекувањата и реалноста, и разликата меѓу уметност и дизјан, и кои се работи дизајнер треба да ги одбие. Посебно ова последново.

Кој е за искрена медитација?

Препуштете им се на инструкциите и релаксирачката атмосфера на видеото. Откако ќе се ослободите од баластот во себе, од вас треба да излезе едно просветлено: Fuck That!

Мексико, си го јадел

Краш тест на два Нисана, еден против друг. Едниот е најевтиниот модел што се продава во Мексико (Тсуру), другиот е најевтиниот модел што се продава во САД (Верса). Види наслов.

Неколку минути драма за 27,8 милиони долари

Земете го кое било финале во фудбал, помножете го со трите најнапнати натпревари во ракомет на македонска репрезентација, и нема да бидете ни приближно до драмата во оваа рака покер. Комплет сценарио, позитивен лик, негативен лик, споредни улоги, тензија...

Две видеа за дебели

Заради комплексноста на проблемот иако двете видеа се крајно спротивставени, и двете се точни. Симплифицирање на стероиди: 1. Не е срамота да бидеш дебел, 2. Не ти се другите криви што си дебел и ако ти е проблем, не е тоа нешто што не можеш да го смениш.

Проклетството да го добиеш тоа што ќе го побараш

Или по ново кажано: Спиеш ли мирно Џоне Оливере? Снимката е од летото 2013, кога Оливер го менуваше Стујарт како водител на Дејли Шоу.

Како се доцни на работа?

Прописно долг список на сите можни настапи, ролји и оправдувања кога доцните на работното место.

Вашите 6 секунди

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа.

Приказната за краутрокот

Одлична Би Би Си приказна за германскиот звук роден кон крајот на 60-тите, поспрдно наречен Краутрок. Нејќеле да звучат германски (заради багажот на Германија од тазе војната), а нејќеле да звучат ни англиски. Па им останало музички да ја дефинираат вселената.

Другата страна на чудата

Како кога гледаш вести на телевизија а потоа ќе ја видиш Македонија преку својот прозорец.

Руски лајфхак на денот

Нема зошто да не веруваме дека ова успева. Проблемот што ова видео го решава е: како да ставиш кока-кола, пепси или сличен кола пијалок без да ти се прави пена. Иако цело видео е на руски, сè ќе разберете. Ретко воодушевувачко решение.

Кога ти си ѓубре, а она е пасив-агресив

Како што ќе каже првиот коментар на Јутјуб: "Носи црвено за да не се познава крвта."

Српскиот текст на Мадона

Легендарна верзија на спотот на Like a Prayer во која на најлогичен можен начин се раскажува за што пее Мадона и што се случува во приказната. Не памтиме колку пати сме се превртеле на стихот "Мадона помази овог клинца дебелог"

Животните кои веќе ги нема

Ретки филмски снимки (и подолг список) со животни кои се веќе истребени. Се чини дека човекот може сè живо на светов да истреби, освен стоката во своите редови. Ако не ви се верува, пројдете 15 минути читајќи некоја фејсбук кавга.  

Трамп или Хилари? Да!

Одиме на конвенцијата на американскиот трет пат, кај либертијанците кои го избраа Гери - Алепо? - Џонсон. Да видите каква збирштина од луѓе е тоа. Да беше жив Малнар, ќе ги собираше во емисија. Со кои теми се занимаваат тие? Дали ти треба дозвола за да возиш кола.

Компилација за земјоделци

Малку чудовишта, малку домашно производство, малку "чекај, и тоа со машина го вадите???", малку незгодно што си игнорантен кон целата работа и уште мислиш дека земја се работи како што тоа изгледало во учебник по ЗПО од 1988.

Кога Џон Клиз ќе ти напише скеч

Двајца комичари започнуваат кореспонденција со Џон Клиз во која го замолуваат да им состави еден скеч што тие ќе го изведат кај нив во емисија. Клиз како Клиз, они двајца брилијантни.

Политика, занимација за луѓе што немаат друго хоби

Не можете вие толку да се замарате со политика, колку што он може да збори за политика. Лесно е на Американци вака да им се силиш.

Неписмените полесно затруднуваат

Немаме истражување што ја потврдува таа теза, но и логиката и искуството велат дека ако не си научил(а) да пишуваш на мајчин јазик, веројатно не ти е јасно ни како функционираат другите овоземни мистерии.

Што се случи со нацистичките шлемови по војната?

Како и во секоја квалитетна економска криза, така и во немаштијата по Втората светска војна просто било недомаќински да се расфрлаш со ресурси што и онака ги немаш. На пример, квалитетен метал од кој се изработени германските шлемови.

Чаша за прави вински витези

Веројатно не можете повеќе да им се згадите на оние префинети љубители на вино отколку да го натегнете виното од шише. Има гаџет кој формално-правно би требало да ги заќути кога на тој начин ја изразувате својата љубов кон вистината.