Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Секогаш постои (поглупа) алтернатива

Пишавме пред некое време дека "ни од третите нема фајде" (види: Алепо? Се мачка на леб?) а Џон Оливер тоа фино им го разработи на американските гласачи кои се соочени со непривлечната понуда: Хилари или Трамп. Им објаснува дека наместо "да го изберат помалото од двете" тие всушност треба да го изберат "најмалото од четирите зла".

Кралот на крукчињата

Овој е толку напред во правење крукчиња од дим што следна фаза би му било да прави триаголници.

Мама лама

Еден ден ќе порасне детево и можеби ќе наиде на стари снимки, кога мајка му била млада, нежна и сочна. Го плукна бе!

Зошто треба да оставате паричка во замрзнувач?

Звучи како еден од оние совети кои кај нас обично завршуваат на дното ( за да те прати среќа, љубов и пари или пак да се излечиш од рак и слични баналности), ама не е. Многу евтина (железна паричка) и рационална финта.

Најважното видео што ќе го изгледате денес

Рамо до рамо со глобалните мистерии Атлантида, летот МХ370, како може да ја викаат пастрмајлија ако нема пастрма, Бермудски триаголник, опстојува една нејаснотија која само благодарејќи на вашите силни живци до сега не ве извадила од кожа - за што е тоа едно екстра дупче за врвки на вашата патика?

Толку и толку факти зошто Дилан е Папа на денешната музика

Во оригиналот се седумдесет ама со самото тоа што го сакаме Дилан, јасно е дека сме пребирливи.

Не сите сакаат да снимаат видеа за излегување на гласање

Ок, за сите не можеме да збориме, за Азиз Ансари можеме.

Екстерно за брак

Јас сум многу среќен човек. Со девојка ми (која е стварно одлична) излегуваме повеќе од една година и со тек на време одлучивме да се земеме. Меѓутоа, цело време постоеше еден мал проблем кој ме реметеше - нејзината убава помала сестра.

Малку наука во наша полза

Ѕирнете го видеото, нè мрзи да го објаснуваме.

Во чест на Лаза

Деновиве беше годишнина од смртта на Лаза Ристовски, еден редок и извонреден клавијатурист (беше во Смак и Бијело дугме). На неговиот албум „Мерџ“ од 1982 има еден инструментал („Домина“), нешто што го имате чуено дури и ако мислите дека го немате. А Апостол го живнал.

Пиксар за возрасни

За да покажат дека анимациите не се само за деца, двајца од Пиксар го направија ова кратко, озбилно и доста мрачно филмче за големи луѓе.

Приказната за 15-годишниот бодибилдер

Заедничко за тинејџеров и дел од останатите бодибилдери е што зема стероиди. Различното кај него е што овие останативе што во животот земале стероиди изричито му кажуваат да не зема стероиди на 15 години, и дека не знае што му прави на сопствениот организам.

Дали е поважно да си искрен или учтив?

Кога ќе видиш и двата типа на луѓе се исти, само што вторите пазат тоа што имаат да ги го кажат да не ти го плеснат во фаца.

Човекот кој во грло крие гитара

Акапела изведба на една од најпознатите песни од 70-тите, Хотел Калифорнија. Шесторката има бубњар (посветен и одличен), ги имаат препознатливите терци на Иглс, но почекајте да му дојде ред на дечкото со траката на чело, оној кој изгледа како им упаднал од некој кунг-фу филм. 

Проблемот што мислиш дека другиот секогаш е морон

Има еднo глатко игнорирање на луѓето со различно мислење, па наместо да гледаш да го објасниш својот став, тебе ти е поважно да бидеш во право. Барем така вика Џим Гафиган, па после има уште нешто да дополни.

Како да направиш 40 долари да изгледаат како 160.000 долари

Ауди го ангажира фотографот Феликс Родригез да фотографира Ауди Р8, автомобил од околу 160.000 долари. Ги добиваат фотките, сè е во ред, ама пак нешто не им штима. Излегува дека Родригез за целата фотосесија користи пластична количка, реплика Р8 од 40 долари.

Наши не научија, тој ќе научи

Дечкото е полиглот и ова чисто за да го запознаете, да нè потсетите да видиме како му оди. Си дава задача следните два јазика да му бидат македонски и унгарски. На нашиов ќе одвои три месеци, за унгарскиот година дена. Баш да видиме. Ок, струмичани секогаш можат да го заебаваат додека не успее да каже: ИЗДЕЗОДОРАНСИРАЛИСЕ? (превод за вас другите смртници: "Дали стави дезодоранс?")

Кој бира, мастурбира

Ок, има и пофини начини да се долови наравооучението на ова видео, ама па, нема поефикасен.

Штипка во 10 потези

Како онаа владина реклама за креативност (во жицата да се види спојувалка) така и стариов во парче дрво гледа штипка. А не дека ние не гледаме баш ништо во тоа дрвце. Само треба да седнеме на кафанска маса што се клати, одма ќе ни текне за што да го употребиме. 

Купено!

Со должна почит кон сите проблеми и предизвици на нашето одење на Марс, ние сепак би почнале со епските заебанции кои не чекаат на пократките релации. На пример, што со главата кога заспиваш во автобус или авион? На страна ќе се искривиш, нанапред ќе се укочиш а ако тимбата ја ставиш во лер па слободно се клацка, некој одма ќе те сними и ќе те фукне на Јутјуб. Кажете драгичка. 

Офф пакетче за Нобеловецот

Дали навистина некој верува дека ќе успее да ме убеди дека денот треба да ми се состои од следење на потезите на Никола Тодоров или Петре Шилегов? Малку ли медиуми се занимаваат со тоа, нејќете ли да читнете нешто за Хуго Прат, за Боб Дилан, за Коста Бургов?