Офф пакетче за Нобеловецот

Дали навистина некој верува дека ќе успее да ме убеди дека денот треба да ми се состои од следење на потезите на Никола Тодоров или Петре Шилегов? Малку ли медиуми се занимаваат со тоа, нејќете ли да читнете нешто за Хуго Прат, за Боб Дилан, за Коста Бургов?

За нашата уредувачка политика во 2016

****

Поетот Дилан
Понекогаш кажуваш нешто во песните, дури и кога шансата тоа да е вистина е мала. Некогаш кажуваш работи кои немаат никаква врска со она што навистина сакаш да го кажеш.
А понекогаш кажуваш нешта за кои сите знаат дека се вистинити.
Никогаш нема доволно време за размислување.
Си шиел, си пеглал, си се пакувал и си се возел.
Ете што си правел.
Боб Дилан, Хроники

****

How Does it Feel?
Аудио сторија на NPR за тоа како во њујоршкото студио на Колумбија рекордс е раѓана можеби најбитната песна на Боб Дилан, Like a Rolling Stone, онаа негова неповторлива анти-бајка со горчини во текстот и пекмез во органата.

Така Ал Купер станува клавијатурист.

Tака е родена Like a Rolling Stone.

No directions home.

****

Интерактивен Дилан
Скоро педесет години по создавањето на Like a Rolling Stone, песната конечно доби свој официјален спот. 

****

Не е Дилан ако не те разочара
Боб Дилан некогаш снимаше песни кои беа химни на општествените промени. Денес Боб Дилан снима реклами за Викторија Сикрет и Крајслер. Но, тие што го познаваат неговиот монументален опус знаат дека човекот барем во една работа се нема сменето: во тоа што обожава да ги разочарува фановите. 

****

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Не џабе вика Богдан во една песна: Ил се дирну, ил се не додирну.

***

Уште неколку десетици статии, песни, преработки, студии, интерактивни зезалици, видеа и други содржини поврзани со Боб Дилан.
 

 

 

13 октомври 2016 - 13:51