Зошто треба да оставате паричка во замрзнувач?

Звучи како еден од оние совети кои кај нас обично завршуваат на дното ( за да те прати среќа, љубов и пари или пак да се излечиш од рак и слични баналности), ама не е. Многу евтина (железна паричка) и рационална финта.

После одмори или подолго отсуство од дома, по дигиталните саати и тајмери кои ги имате по дома сфаќате дека некое време немало струја.

Но, колку време немало? Дали доволно долго сета храна што ја имате во замрзнувач да се одмрзнала па сега -  иако повторно замрзната -   е неупотреблива и можеби расипана?

Еве го штосот:

Замрзнете вода во шоља за кафе, врз замрзнатата вода оставете железна паричка, ставете го тоа во фрижидерот и шибајте.

Кога ќе се вратите, ако паричката останала над мразот или пак плитко во него, прекинот траел кратко. Ако долго време немало струја, водата се има стопено а паричката ќе ја најдете на дното на замрзнатата шоља. 

Па да бе!

 

 

21 октомври 2016 - 12:47