Приказната за краутрокот

Одлична Би Би Си приказна за германскиот звук роден кон крајот на 60-тите, поспрдно наречен Краутрок. Нејќеле да звучат германски (заради багажот на Германија од тазе војната), а нејќеле да звучат ни англиски. Па им останало музички да ја дефинираат вселената.

Тагови: Кан, Нои, Крафтверк, Холгер Чукај, Фасбиндер, Вендерс, Бадер Манјхоф.... За разлика од нивните музички браќа од запад, овие не се стопиле во главните струи туку останале љубопитни аутсајдери кои сакаат да експериментираат. И среќни, освен оние кои ги заебал Брајан Ино кој, откако собрал куп музика од нив, им рекол: Не се секирајте, и вие еден ден ќе бидате богати.

 

28 октомври 2016 - 13:12