Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Безгласно пијанчење

Конечно наидовме на несоборлив доказ за вистиноста на онаа изрека дека колку повеќе јазици знаеш, толку повеќе вредиш.

Зошто по цел ден си уморен

Генерално затоа што ништо не правиш (освен тоа што безволно цело време го правиш) и не пиеш вода, мада има и подлабоки проблеми што те упропастуваат.

Што очекува Возниак од колата на Епл?

Да нема волан, да не биде скапа и да можеш да го ставиш детето во кола и таа да го однесе во школо (а да не може да ја хакне за да го однесе во играчница). Ццц, а има луѓе кои уште на сервото немале шанса да му се изнарадуваат.

Буквално уличен дизајн

Идејата е на берлинскиот уметнички колектив Raubdruckerin (пиратски печатач, отприлика) кои направија печатница од својот град. Земаат бланко маички, торби или што и да е, мастило и валјак, и бараат шахти и слични урбанистички елементи низ градот. После само мачкаш и притискаш. И така низ еден куп градови.

Норвешка а не тиранска платформа

Тоа и денес е земја со најмногу електрични возила пер капита во светот. Над половината од автомобилите кои се продаваат во Норвешка се или хибридни или електрични. Државата си постави цел, до 2025 година комплетно да ги отфрлат традиционалните мотори. Погодностите кои ги понудија (нула данок, возење во брзи ленти. бесплатни паркинзи, штекери и патарини) се покажаа толку ефикасни што веќе не се ни потребни убедувања.

Ангел, викај бре да помагаме!

Имаме едно супер другарче што живее во Бугарија и работи како режисер. И додуша стално нè вика да му отидеме некој викенд во Софија. Проблем е што нè вика само кога НЕ е зафатен со работа. А за да сфатите какво ѓубре од човек е тоа, треба да видите што работи. Еве го неговото последно видеопарче, скоцкано за Златен даб. Нема веќе другари... 

За кое изгубено време ќе се каете кога ќе остарите

Како прво, треба да знаете дека на смртна постела никој не се покајал: „Ах, што не поработев малку повеќе“. Ок, а сега да отвориме уште некоја чакра.

Сиенен ја претвори политиката во спорт

"Идејата дека политиката е спорт не може да се негира, и ние го сфативме тоа и така ѝ пристапивме," објаснува пред неколку дена Џеф Закер во интервју за Њујорк Тајмс. Кој е Џеф Закер? Директорот на Сиенен кој дојде на позицијата во 2013 од Енбиси, каде што исто така беше ЦЕО.

Неколку песни што погрешно ги имаш сфатено

Изборот е од Сиенен на поп-рок, па и не е така страшно што само чекаш да дојде рефренот за да го рокаш. Страшно е кога имаш свадба со Розо моја од Ибуш (Ние двајца многу можевме / А среќа немавме да се земеме), Туѓа си бескрајно на Ефто (Оној што силно љуби мора да губи /
Туѓа си бескрајно), Ерген одев од сите (Се оженив мајко, злото ме нападна).

Излезете во светот и заебете прекрасно

Ексцентричниот режисер има книга со совети, слична на оние што се подаруваат за родендени и денови на вљубените. Само што неговата се вика „Правете проблеми“. Вотерс е прилично квалификуван на оваа тема за да ги потсети младите дека овој сјебан свет е нивна одговорност. Но, тоа не значи да им тераат инает на родителите. Тоа е прелесно. Тоа значи да одберат некој постар и покул од школо и него да го пореметат.

Сè што треба да знаете за изборите во Франција

Повикувајќи на француското чувство на супериорност над Англичаните и Американците, Џон Оливер ги преколнува Французите да не заебат работа како со Брегзит и Доналд Трамп. Но, против кандидатите на Марин Ле Пен се кој од кој.

Во трговски со мачето, руска верзија

Петрозаводск, Русија (на граница со Финска), неименуваниот маж решава да ја прошета Катја во трговски центар.

Кога ќе се спојат празници и корисно

Жени, Велигден е и јајцата се во ваши раце. Кампања на германската маркетинг агенцијата Сервисплан и порно сајтот mydirtyhobby.de за ширeње свесност околу ракот на тестиси. Главната експертка од видеото на интернет е позната како Луси Кат.

Пред да бидат битни

Ако ја тргнеме на страна Кралицата Елизабета Втора никој од овие не се надевал дека еден ден ќе стане светски лидер. Освен веројатно Хилари, ама па за сега не излезе баш по нејзино.

Распнатиот човек и претходно имал проблеми со законот

Како денеска, со стандардниот новинарски речник, би се пренела веста која повеќе од две илјади години е глобален брејкинг њуз.

Басна на денот: леопардот и бодликавото прасе

Поука очигледна: ако си леопард немој да напаѓаш бодликави прасиња.

Што е попродуктивно од Кинез?

Кинез со армија роботи. И за идни референци, вака изгледа крајот на човечката работна сила. Таман мислиш ќе се уморат, они сами одат да се закачат на полнач.

Цртај бе братучед, цртај

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас.

Визит карти на чикашките гангстери

Колекцијата потекнува од 70-тите и 80-тите години и претставува занимлив увид во оваа супкултура: симболи, прекари, територии, непријатели и слогани, ставени на визит карти за да се зацврсти единството на бандата, да се одврати конкуренцијата и да се регрутираат нови членови. На македонски, тоа би се рекло: заради бренд билдинг, лојалти програма, демиџ контрол и аквизиција.

Примете го, побогу!

Па и да не знае колку што знае, овој се прима на работа! Макар само за да ти зборува како Апу од Симпсонови и да ти мрда со тоа главата како оние кученцата во кола што се ставаат. А вешт е, иако првпат е на Спајк.

Дебатата е од рајот излезена

Сочна колекција од скандали на дебатни емисии кај Арапиве. Фаќања за гуша, кршење сценографија, мавање со чаши и слични полемични потези. Интересно е што исто како на нашиве, и на нивните сељачишта една од најкористените фрази им е „ќе го избришам подот со тебе“. А имаат и трол која ја ремети нивната Алачки. 

Казна за фрлена цигара

Кај нас е 50 евра па се расправаш со цајканот и сл. А може и вака, без расправии а извршител на казната да биде насобраниот метан во канализацијата.

Бебешко креветче Форд?

Така е, креветче за бебиња со потпис на американскиот производител на автомобили. За среќа, статично е. Главна цака му е што симулира движења на колата па бебето полесно ќе се навикне да заспива кога го возите. Само, кога ќе порасне едно вакво бебе, родителите да не се чудат ако турира додека зборува.