Off Topic

Хорор другарство

Две другарки, едната од нив решила да се фрли со падобран од авион. Проблем е што во последните моменти малку се пишмани од идејата. Тоа не е никаков проблем за другарка ѝ, конта, треба само да ја подбутне. Само што заборава дека самата нема падобран. 

Јас сум таа мрзливата

Тој: Ако ѝ раскинам, шансите се огромни дека ќе останам сам. Ако не раскинам, очигледно ќе треба да живеам со инфантилна, мрзоволна жема со нула амбиции која не сака да биде ни мајка. Таа: Намасте.

Мишо Едноракиот и гневот на Ромите

Масовна физичка пресметка во еден кварт во бугарскиот град Јамбол. Ништо посебно, луѓе фрлаат шишиња и камења кон некого. Нè скокотка тоа што според неофицијалните информации, гневот на маалските Роми го предизвикал извесен господин кого го викаат Мишо Едноракиот. Има некоја филмичност во оваа приказна.    

Кога политичар ќе види дека сите користат ЧетГПТ

Бил Оливер е ветеран на кандската политичка сцена но сака да држи чекор со времето. Ама, си ги пушти нозете малку подолго отколку што му е ВИ чергичето па не само што прочита говор кој му го напишала вештачка интелигенција туку топтан го прочита и промптот. За да нема сомневање дека оригиналната мисла во неговата глава одамна е исчезната. 

Го знаете Новак?

Новак е дечко од Мостар, работи како медицински болничар, паралелно е фитнес тренер а го прашуваат за секакви совети па овој им ги дава - без булшит и фолирања на какви сме навикнале од тој свет. Одбива да рекламира кладилници и суплементи пошто тоа е превара. „Имам презиме како за автомеханичар,“ вика Новак кој се презива Судар. Добар лик.

Читателски писма без хепиенд

Би сакал да им порачам на „аристократите“ од Клинички центар од Скопје при секое доаѓање во Охрид да поминуваат пред „Костозглобна“ , да застануваат и да се поклонуваат пред да продолжат понатаму. Тука, на местото каде што има доктори кои не размислуваат примарно за бркање „позитивни статистики“ по секоја цена  туку во далеку поскромни услови со цело срце се борат за спасување човечки животи.

Како ни ги одмилија патлиџаните

Се враќаме во 1994 година, кога на американските пазари за првпат стигна модифицираниот „флејвр-сејвр“ патлиџан, супериорен во изгледот (црвен, тркалезен и мазен) и неговите транспортни перформанси (не скапува па тоа ти е). Процес кој доведе до тоа да денес, во 2017 година, во земја како Македонија, и во август тешко да најдеш патлиџан од кој нема бар пола да фрлиш, пошто е тиква. Нормално, компанијата која го започна тоа подоцна заврши во Монсанто.

Американска рецензија на Европа

Американец бил во туристичка посета на Европа и направил монтажа со своите најсуштински реакции на она што го видел.

Рецепт за сендвич со упатство за гледање

Да знаевме да ги монтираме видеава немаше да се објаснуваме, ама што е тука е. Три работи. Прво, копнежот е за првото божество од сендвич. Второ, без тоа џемот (мада може и со тоа да е вкусно). Трето, ако веќе пребираме и лепчињата треба да ги потпече.

Како гореа милионите на Елон Маск

Минатиот месец Елон Маск објави дека монтира видео со блупери од сите неуспешни слетувања на ракетите на Спејсикс. Деновиве заврши со монтажа и го пушти видеото под наслов "Како НЕ се слетува ракета". Штетата направена во тестовите се движи во рангот од стотици милиони долари.

Богот на возењето камион во тесно

Предизвикот е камион со приколка товарена со балвани да се збута преку едно мовче. Неименуваниот херој е француски камионџија.

Лајфхакс за ѓубриња

Совети за најлошите меѓу нас и за нас во најлошото издание. Без разлика што мислите за луѓето што го прават ова, мора да се признае дека советиве личат ко стварно да функционираат.

Пречитување на Наркос

Истите ликови, сосема други реплики и содржина. Сега се вика "Сој Пабло" и се работи за двојник на Ескобар кој се инфилтрира во неговата организацијата, и е дело на Bad Lip Reading.

Како изгледа натпревар во сечење со нож

Без да го омаловажуваме трудот на тој што го направил и острел ножот, да бидеме искрени и да си признаеме пред сами себе дека типов би можел истово ова да го постигне и со супена лажица.

Екстремно точна пародија на Ајфон Х

Како што е ред, да ја завршиме патерицата од Ајфон денот со трето видео на темата - најава и презентација на емоџи машината од 1.000 долари.

Сите аплаузи за Епл

Со целата можност нешто да не сме разбрале, ама да аплаудираш на презентација за нов производ на Епл во суштина е исто како да ѝ аплаудираш на девојката на разглас во Веро.

Кој тоа ми седнал на патот?

Кога возиш маунтинбајк по тесно планинско патче, очекуваш дека е можно да се појави некоја пречка на патот. Ама не баш секаква.

Дојде Ајфон Х (а и 8)

На вчерашниот Епл настан одржан во новото седиште на компанијата беа потврдени најраспространеите гласини што се вртеа периодов. Епл извади два телефон 8-ца (и 8-ца плус) и Х, кој службено ќе се чита 10. Изгледот е идентичен како од протечените фотографии, а цената на Х е нешто пониска од очекуваната, 999 долари, наместо шпекулираните 1.200 долари. (За овој и за другите уреди што излегоа сменете го знакот долари во евра, додајте ДДВ и ќе ја добиете отприлика нивната цена кај нас.)

Како која телевизија реагираше на 11 септември?

Мултиплекс од 6 големи телевизии (NBC, CBS, BBC, CNN, FОX и ABC) и нивните програми во живо кога оние мамлази од Ал Каеда удрија во кулите близначки. Си Ен Ен први, Би Би Си последни, со едно 8 минути разлика. Да се однесуваше ова за наши телевизии, на некои на календар ќе требаше да им гледаме.

Флорида не се дава

A најдобар начин да не се даваш е да се забеваш.

Минути пред нападите од 11-ти септември

Симултана снимка од програмата на 6-те најголеми телевизиски мрежи (Ен-би-си, Си-би-ес, Би-би-си, Си-ен-ен, Фокс и Еј-би-си) на неколку моменти пред дознавање на информацијата за нападите на Светскиот трговски центар и префрлањето на маратонот од вонредни вести.

Келнерот шлепер

Се вика Оливер Струмпфел и минатата недела го сруши рекорд во носење кригли, што сам го постави во 2014. По ново, рекордот е 29 полни кригли со вкупна тежина - 69 килограми.

Поглед полн пораз

Возрасен, здрав и физички доминатен примерок на мажјак, искален низ стотици секојдневни битки се соочува со двајца претставници на своето потомство од родот мала ќерка и уште помал син, кои треба да бидат убедени да јадат зеленчук.

Сакаме чинии!

Како што расте меракот и филозофијата на рестораните да се глупираат со твојата храна и како ти ја сервираат, така почна да се развива и шири едно меѓународно движење на луѓе кои не можат да ги поднесат неразумните нови трендови во сервирањето храна. Се вика "Сакаме чинии" и има две многу едноставни барања - храна во чинии, пијалок во чаши, и толку.

Послушајте забушанти

Човеков се обраќа на секој што е лично и длабоко запознаен со постапката на одложување на секоја можна задача до крајни можни рокови, и пробува да им (ни) помогне, пред стварно да снема време. Од кај знае што треба да се направи? И он е ист таков.

Разорувањето на Барбуда по ураганот Ирма

Премиерот на Антигва и Барбуда, за американските медиуми соопшти дека ураганот Ирма има оштетно најмалку 90% од сите објекти и возила на Барбуда, и островот е на раб да биде ненаселив. Воздушните снимки од карипскиот остров само потврдуваат сè што тој кажа.

Чекајќи го Возо

Луѓево чекале 90 минути за да го видат легендарниот „Летечкиот Холанѓанин“, британскиот воз на парен погон кој сообраќал меѓу 1849 и 1892 година. И ене го, легендарен, бавен таман за да го видиш убаво...

Советската вселенска програма на кутии кибрит

Станува збор за многу пообемна колекција дизајни на кутивчиња кибрит од Источниот блок од 50-те и 60-те години од минатиот век. Ние се фативме за вселенскиот дел од оваа колекција.

Колекција непријатност

Катерина Кампрани е Гркинка чија единствена цел во животот е да те извади од кожа од нервоза и сето тоа успешно го прави под закрила на уметност. Треба да си посебен тип на нечовек за да ти дојде да составиш вакви накази што ти го унепријатуваат раатот.

Мрза до последна лопата

Ако доволно долго го гледаш човеков каков работи постепено почнуваш да се импресионираш од ваквата чиста и непоматена неефикасност и рамнодушност во работата.