Октомвриската револуција во живо на интернет
Октомвриската револуција е „октомвриска“ само затоа што тогаш уште се смета по „стариот“ календар, инаку по денешното броење на деновите се паѓа на 7-ми ноември. Денес е 100 години од Октомвриската револуција, и во таа чест на интернет е поставен „Проект 1917“ или како би изгледала Октомвриската револуција кога од минута во минута би била пренесувана на социјални медиуми, со твитови и фб статуси од Ленин, Троцки, Дан и компанија, снимки од вонредни вести и извештаи од случувањата.
- во 10 часот, Ленин објавува дека привремената влада е распуштена
- во 10:45 премиерот Александар Керенски е го напушта Санкт Петербург (во тоа време главниот град на Русија)
- во 12:40 болшевиците го распуштаат парламентот.
- во 15:30 се слушаат првите истрели во близина на Зимската палата (резиденцијата на руското кралско семејство која во тоа време е претворена во седиште на привремената влада)
Феноменалното парче интернет мултимедија го имате тука