Кратка историја на Балканот

Место каде што Римјани тепаа Авари за потоа Авари и Словени да тепаат Римјани па после Словени тепаа Келти и Угари за потоа Словените да бидат тепани од Турци и Угари кои се тепаа и меѓусебно за на крај Турците да бидет потепани а на Словените да им остане да се тепаат со Угари.

Подоцна Угарите беа потпомогнати од Австријци ама Словените сите ги испердашија и им го убија престолонаследникот.

После беа помогнати и од Германци ама ним не им беше доволно Словените еднаш да ги тепаат па дојдоа и вторпат, и тоа заедно со Италијани, Бугари, Арбанаси и Угари.

Словените, овојпат помогнати и од Запад и од Исток, конечно сите нив ги потепаа за на крај, кога веќе немаше со кого да се тепаат и кога веќе на никој не му беше гајле за нив, да почнат да се тепаат меѓусебно.

Остатокот од приказната го знаете, бидејќи го живеете....

6 ноември 2017 - 11:26