Off Topic

Е мој Трамп, а на Бајден му се смееше

Џо - Sleepy Jo- Бајден има 83 години и се бори со рак стигнат до четврта фаза. Тој и таков Бајден стоеше со часови додека се читаа имињата на жртвите од нападот на 11 септември за времe на 25 годишнината од трагичниот настан. Доналд Трамп, кому сенилноста на Бајден на времето му беше главна заебанција, заспа за време на настанот во Пентагон по истиот повод. 

Рурално, само рурално

Францускиот фотограф Огист Леон во 1913 година ја посетува Македонија како дел од проектот  „Архиви на планетата“ на богатиот банкар и филантроп Албер Кан. Целта на проектот била да се зачува во боја изгледот на светот и човечките култури на почетокот на 20 век, пред тие да исчезнат. Скопје, Охрид, Битола, Смилево, Опеница, Бунарџик... Македонци, Албанци, Турци, Грци, Власи, Роми... Уште сме истите на истите простори и никако да навикнеме на тоа. 

Една денска запивка со Леми

Рики Ворвик од групата The Almighty се присетува како се договориле со Леми од Моторхед да се видат во хотел во Лос Анџелес. Дење, но во собата на Леми веќе било замрачено од дим од цигари и алкохолни испарувања. Којзнае колку Џек Даниелса подоцна, Рики се нашол себе како лежи во локва крв и осетил остар здив до неговото лице. Леми е.  

Индиско решавање телекомуникациски проблеми

Луѓето од едно село во Утар Прадеш две години се жалеле до нивниот телеком оператор дека услугата им е шкарт. Плаќале за 5G но и интернетот и разговорите стално им сецкале. По долго инсистирање, компанијата пратила човек да ја испита ситуацијата. Овие сега не им го враќаат додека не им се решат проблемите. Немаме појма за кој оператор се работи ама ене го во магента маица.

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Во Лондон постојат преку 18.000 ресторани. Дечко успева за само седум месеци да стигне до првото место на најкористениот водич за такви работи, Трип Авајзор. Тоа време не го користел за смислување на менито, избор на намирниците, подобрување на храната, услугата, ентериерот. Затоа што ништо од тоа немало! Просто, ресторанот не постоел. И колку повеќе одбивал резервации, толку повеќе се кревал рејтингот.

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Мајка од Вирџинија седум години ќе се наоѓа на државниот регистерот за злоупотреба и занемарување деца затоа што го пуштила својот 5 годишен син - сам да прошета надвор. Добила и 6 месечна условна казна затвор. Живеат во кварт кој е заштитен со ограда и има чувар. Малиов посакал да собира гускини пердуви покрај локалното езерце, мајка му го пуштила бидејќи оделе таму заедно и го знае патот. Е, не може тоа така.

11 фитнес митови што ем не се точни, ем можат да ти наштетат

Ако новогодишните фитнес ветувања ги терате според јулијанскиот календар тогаш крајно време за почеток на нивно остварување треба да е првиот ден по Стара нова година. (Освен ако не решиш дека треба да го истераш уште Св. Јован, евентуално и Трифун и готово. Ептен ако годината ти се падне да имаш и Младенци за терање, па да продолжиш до тогаш.) Пред да ја почнете сезоната во која конечно ќе направите се што сакате од себе (на фитнес план) има неколку работи што треба да ги знаете.

Кина против Запад, и обратно

Родена во Кина, девојкава 10 години патува и работи во САД, Британија и Франција, и по пат сфаќа дека скоро па ништо не е исто „тука“ и „таму“. На толку патување почнува и да црта сè што се разликува.

Стечајот на социјалните мрежи

Човештвото се опаметува, решава да ја врати својата евтино продадена слобода и се ослободува од „магијата“ што социјалните мрежи ја имаат фрлено врз нивниот живот и секојдневие. Без верници, боговите на интернетот полека пропаѓаат и стигнуваат до својот природен крај. Мрежите кои некогаш го изменуваа текот на историјата, се во пост-апокалиптични рушевини, а од нив е останат чат-пат по некој неонски знак кој исто така ситно брои. Никогаш!

Како сè светот го преведе „shithole“ на Трамп

И без многу разбирање англиски јасни ти се двата зборови од кои е составен терминот што американскиот претседател пред некој ден го употребил за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Како и за добар дел пцовки и навреди, и за овој збор нема директен превод, без разлика дали е на македонски или кој било друг јазик.

Мекгрегор - Мејведер, втора рунда, Инстаграм

Како што минува време од борбата, така двајцата се повеќе почнуваат да се сскаат еден со друг, како да не се тепале пред 5 месеци. Сега муабетот на Мекгрегор е дојди во октагон да те видам, муабетот е Мејведер е - те здробив.

За тие со фетиш на чистење бетон

На некој ова му е работа, нам ни е мерак за гледање, веројатно баш и затоа што не ни е работа. Додека не се смени сето ова, да уживаме во мераков.

Сквернавење на Нирвана

Многумина мислат дека ако некоја песна не треба да се чепка, тоа е Smell Like Teen Spirit од Нирвана. Ќе чуете колку е тоа вистинито кога ќе ја слушнете верзијата на еден тексашки бенд кој песната ја прештима во дурови. А во дурови (место петки и сусови) Smells Like мириса на една безначајна, безбојна поп песничка. Чиста бласфемија.

Приказната на владиката за гравот и колбасот

Колку да се потсетиме на онаа човечка, дека за луѓето не треба да судиме туку-така и од прва.

Да ти се мочам на попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Прашајте го премиерот

Збоктисан од прашања на новинарите, тајландскиот премиер Прајут Чан - о -ча на средба со медиумите деновиве донесе своја замена и пред да замине од прес конференцијата, на новинарите им порача дека можат да прашаат што им душа сака.

Пет длабочини на една иста песна

Џејкоб Колиер е мулти-инструменталист и еден неверојатно талентиран дечко кој ја расчленува емотивната приказна и внатрешниот дијалог на композицијата „Amazing Grace’“ на пет нивоа на комплексност. Почнува со дете, па со тинејџерка, па со студент на музичка академија, па со професионален пијанист, за на крај да заврши со - Херби Хенкок! И да се испогубите некаде на третата фаза, видеото е магично за следење.

Музиката нема непријатели

Дедото има 84 години, свири труба и песна на неговиот живот е Лили Марлен. Ќе ви раскаже зошто.

Никогаш до сега магдонос не ни направил толку мерак

И веројатно чувството повеќе нема да се повтори.

Како се облекувале жените во 18 век

Да почнат денешните жени вака да се облекуваат од рано наутро, на работа ќе стигнат, евентуално, во трета смена.

Карл Пилкингтон маж, бог, холивудски пророк

Човеков што изгледа како да е само гостин на планетава, дојден тука да ни ги отвори видиците така цврсто закоравени во самобендисано едноумие околу спознавањето на светот и животот, ладно предвидува две епизоди од последната сезона на Black mirror неколку години пред тие воопшто да бидат снимани. Инаку претходно Карл имаше речиси идентична идеја со приказната за Бенџамин Батон.

Науката зад цените на авионските карти

Многу е едноставно, нема правда, ниту логика, ќе платите колку и да ви побараат и тоа е. Видеово може само колку-толку да ви олесни како се стига до тие бројки.

Како се извинуваат он-лајн ликови

Инспирацијата за пародијава е типот што го објави видеото со обесениот човек во шумата на самоубиства во Јапонија, и изгледа болно прецизна.

Подарок со грчки шмек

Девојка за Божиќ го израдувала својот дечко купувајќи му ја најновата верзија на игрицата Call of Duty: WWII. Дечкото брзо сфатил, девојка да ти нуди видео игра е сомнително исто како Грци да ти нудат европски перспективи. Подарокот, имено, бил придружен со листа на услови кои дечкото треба да ги задоволи. Дали кутро или лакомо, нашево „македонче“ -  потпишало.  

Патека на стравот и ужасот и на не, фала

Како се развива фобија од височини? Е вака. Патеката се наоѓа на планина во Индија и води до остатоци од некоја тврдина од 500-та година п.н.е. и без разлика колку е високо за качување, проблемот е во симнувањето. Посебно за време на сезоната на монсуни. Видеово е во сезона на монсуни.

Како се мести изложба во МоМА

Имаш врвни уметници и врвни дизајнери, и џабе ти се они ако не се жените и мажите во бекстејџ на музеите и галериите, задолжени со пакување, распакување, пазење, чистење, средување, редење, и што уште не, на уметничките дела пред тие да ти се појават пред очи.