- Пошироката токиска област има повеќе жители отколку цела Канада (37,8 милиони луѓе).
- Индија има поголема популација од цела Африка. 1,3 милијарди наспроти 1,2 милијарди луѓе.
- Австралија, Канада и Нов Зеланд заедно имаат ист број на жители колку Британија, а 70 пати повеќе територија.
- Македонија (ако се водиме дека сме 2,1 милион) има помалку жители отколку САД затвореници (2,2 милиона).
- Ирска (Република и Северна) се уште се нема вратено на нивоата од пред Големиот глад. Денес земјата има 6,4 милиони жители, според бројките од 1841-ва пред Големиот глад популацијата изнесувала 8,2 милиони.
- 75-80% од канадската популација живее на 160 километри од американската граница.
- Лондон има поголема популација од цела Австрија. 8,78 милиони наспроти 8,74 милиони.
- Истанбул има поголема популација од Норвешка и Финска заедно. 14,8 милиони наспроти 10,7 милиони.
- Пошироката њујоршка област има 23 милиони жители. Пошироката шангајска област има 11 милиони повеќе луѓе.
- Македонија има помалку жители од Бруклин (2,63 милиони).
- На годинешниот Женски марш, само во Лос Анџелес излегоа над 500.000 луѓе, речиси два пати повеќе од вкупната популација на Љубљана (278 илјади луѓе).