Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (2)

Десет работи кои се вообичаени и нормални за луѓето од Балканот а за луѓето од Скандинавија се несфатливи и би ги фрлиле во кома. Регистрира девојка која е родена и растена на Балканот, а подоцна го искусила и скандинавскиот начин на живот.

Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (1)

Десет работи кои се вообичаени и нормални за Скандинавци (Данци) а кои за луѓето од Балканот се несфатливи и би ги фрлиле во кома. Регистрира девојка која е родена и растена на Балканот, а подоцна го искусила и скандинавскиот начин на живот.

Варуфакис: Данците да не се прават Енглези

Проблемот на Данска со САД околу Гренланд, Јанис Варуфакис го гледа од грчка перспектива. Откако заедно со Турција влегоа во НАТО, Грците попусто се обидуваат да го обврзат НАТО да ги брани ако Турција нападне. Не е НАТО за тоа, НАТО е за одбрана од надворешни непријатели, ја убедуваа Атина сојузниците од Алијансата. Меѓу нив, и Данците. 

Ако вевчанските маски ви бодат очи

Традиционалниот вевчански карневал и неговите маски знаат секоја година да покренат некоја морализаторска кампања од пуританци со мителеуропски естетски критериуми дали биле коректни, вкусни, дали се претерало... Чекајте да видите што има на шпанска Василица: група карневалџии во точка посветена на покојниот научник и параплегичар Стивен Хокинг. Коректно, вкусно, непретерано.    

Мајлс Дејвис и Чет Бејкер

Во 50-тите години, Чет Бејкер ja добива наградата од магазинот DownBeat за најдобар трубач. Битна награда во тоа време. По некој месец, Бејкер некаде се сретнува со Мајл Дејвис и му вика дека имал намера да му напише писмо и да му се извини што ја добил наградата која нему му припаѓа. „Знам дека си подобар трубач од мене“ му признава Чет. Што му одговорил Мајлс Дејвис?

Правда за трудните браќа

Не ја прашуваат бабата „кои војводи беа у вас на вечера“, ниту е пак сцена од Inglourious Basterds кога Ханс Ланда (Кристоф Волц) ги испрашува домаќините дали кријат Евреи. Па сепак, мачно е да се гледа како сенаторот Џош Хоули пробува да добие одговор од гинеколог на прашањето: „Дали маж може да затрудни?“ Реалноста била комплексна, прашањето било поларизирачко... Како заб да ѝ вадиш.

Објаснување на балканската економска катастрофа

Прецизно транжирање на „бесконечната транзиција“ во која со децении се врти Балканот и моделот кој не е граден за развој туку за екстракција и евтина работна сила. Од некогашните приватизациони кражби до денешните градежни мафии кои служат за перење пари. Сето тоа под патронат на оние кои повеќе ја ценат стабилократијата отколку демократијата. Има излез ама ќе има ли доволно луѓе кои ќе го видат? 

Домашна а оригинална

Користејќи спектрометар и доста наука, јутјубери тврдат дека го кракнале прочуено мистериозниот рецепт на Кока Кола, регистрирајќи го хемискиот потпис на секој вкус, по што вкусовите ги реплицирале во лабораторија. Ако немате друга работа, спремајте карамел боја, фосфорна киселина, глицерин, вински танини, кофеин, есенцијални масла од лимон и лимета, чајно дрво, цимет, мускатно оревче, портокал, коријандер...

Знаеш ли кој е убиецот?

Блажени се оние филмови од 80-тите и 90-тите. Нема многу циле- миле.... ќе најдат леш, ќе го бараат убиецот. Не се комплицираше многу. Ако лешот беше женски, убиецот беше или љубовникот или некој сериски. Ако лешот беше од маж, или мајка ѝ на жена му или струја. Филмовите траеја 90 минути, ако ловот по убиецот баш потраеше, тогаш 100 минути.    

Во Јакутск на минус 71

Млада девојка доловува како е да се живее во Јакутсс, источен Сибир, град во кој температурата знае да падне десетици степени под нулата. За да излезеш во декември, почнуваш со облекување во ноември. А ако така облечен треба да отидеш до веце, треба да почнеш да се спремаш уште пред да ти се приоди. Ама добро, проверивме, денес им попуштило ладното.   

Ете, и Папата мисли исто како нас

„Болно е да се гледа како на Запад, просторот за слободно изразување рапидно се стеснува,“ изјави поглаварот на римокатоличката црква во годинешниов говор за „Состојбата во светот“. „Во исто време, се развива нов орвеловски јазик кој се обидува да биде инклузивен а завршува со исклучување на оние кои не се согласуваат со идеологиите кои стојат за него.“ Лео, лавчино!

Велика Британија, Брза Кина

Велика Британија во 2010 година го најави „најголемиот инфраструктурен проект во Европа“,брза пруга од преку 500 километри. Прво од Лондон до Бримингем па потоа и до Манчестер и Ливерпул. Регулативниот европски мајндсет овој проект го одложи, го отежна, му начука „инклузивни“ критериуми и го направи најскапиот проект по изграден километар. Во меѓувреме, градеше и Кина.   

Како е „џабе чалам“ на германски?

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер жестоко ја критикуваше надворешната политика на Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што оние бескрупулозните земаат што сакаат. Ќе беше ова за аплауз ако истото ова лидериште не му даде највисок медал на Џо Бајден, човекот кој го организираше индустрискиот тероризам наречен саботажа на Северен тек, што ја осакати германската економија. 

Мора да била тоа некоја нарко-математика

Американците целосно уништиле витален научен центар во Венецуела, сместен во државата Миранда, една од нејзините 23 сојузни држави. Со две моќни оружја (AGM-154), комплетно биле уништени објектите на Математичкиот центар на Венецуелскиот институт за научни истражувања. Оштетени биле уште четири институти, за физика, хемија, екологија и атомски истражувања.

Вие како се враќате дома?

Кога после работа ќе заглавите во некоја скопска сообраќајна тромбоза, еве ви за екстра зорт: во Берн, Швајцарија, луѓе летно време од работа се враќаат дома по река. Алиштата ги ставаат во воодотпорни торби и се џиткаат во реката Ааре, препуштајќи ѝ да ги носи. Излегуваат кога ќе бидат најблиску до дома па ќе допешачат. Кај нас сите би излегле кајшто е најблиску до Кожно. 

Не можеш да си доволно параноичен со империи

Интервју на покоен Хуго Чавез, политичкиот претходник и ментор на заробениот Николас Мадуро. На новинарка ѝ објаснува дека САД ѝ се стрват на Венецуела и саакат да ја освојат, првенствено заради нафтата, која ја имаат повеќе и од Саудиска Арабија. Новинарката го прашува дали ваквит негови ставови се можеби параноични. КОјзнае дали и денес тоа би го мислела 

Стари добри скечеви

Британското The Sketch Show одеше неколку години на почетокот на 2.000-тите и беше познато по тоа што во него со рафална брзина се менуваа скечевите. На некои денови од снимањата ги пукале по стотина. Шоуто доби и Бафта награда а ова е еден краток и јебитачен, воркшоп сеанса на петмина кои имаат различни фобии. Уиграни максимално. 

10 години без Боуви, Принц, Коен, Есма

2016-та беше гадна година по разни основи. Кај нас тоа беше време на Пржински договори, аболиции, хистерии на корисните Шарени идиоти (подоцна преименувани како „шуто и рогато“)... Нејќеме ни да се потсеќаме на тоа (а нема ни да заборавиме). Тоа беше година во која заминаа Мохамед Али, Џин Вајлдер, Алан Рикман, Јохан Кројф, Харпер Ли... Но, посебен масакр доживеа музиката. На неа сакаме да се сеќаваме.

Кој би го глумел Мадуро на Нетфликс?

Моментално се наоѓа во озлогласениот затвор во Бруклин, со уште 1.300 штитеници (само да не го штитат како Епстин). Зад него е живописна кариера, спремна за филмска верзија (Американците уште така да му ги извадат парите). Бил шофер на градски автобус во Каракас, синдикален лидер, инспириран од идеи на Саи Баба и Маркс, има одбиено договор за Американската безбол лига. Најјако: фронтмен на рок групата Енигма.   

Нигерија раѓа повеќе од цела Европа

Нигерија во 2025 година донела 7,6 милиони новороденчиња. Европа сумарно - 6,3 милиони. Индија цвета со 25 милиони (секое шесто бебе на планетава е Индијче). Кина демографски се враќа со 8,7 милиони. Јапонија е во тежок спуст со само 750.000. Конго (4,6) ќе се освежи повеќе од САД (3,7). Африка има 8 земји во топ 30. Кога германските фабрики не ќе можат да се пополнат а Нигерија не ќе знае како да ги вработи своите млади, решението само ќе се наметне.  

„Терористи“ за повеќекратна употреба

Како Трамп се одважи да ја нападне Венецуела и да го грабне нејзиниот претседател топтан со жена му (да била и баба му, и таа ќе го папаше) без одобрение од Конгресот? Правиш картел кој го стишуваш откако ќе ја заврши првичната мисија, го оживуваш кога пак ќе ти затреба и го прогласуваш за терористичка организација. А терористи може да се бркаат и без благослов од Конгресот. Кога ќе дојде работата на суд, се откажуваш од терористичката етикета.   

Непанкерски албуми од панкерската 1977 година

Таа година се слави и памети по панкот кој детонираше во Лондон и Њујорк кога Секс Пистолс, Клеш и Стренглерс извадија деби албуми. Греота е 77-ма да се памети само по панкот пошто многу автентични автори си го тераа својот филм па добивме одлична и шарена музика. Од соулот и блузот на Били Витерс и Мади Вотерс, шизичките Шик, Боуви, Токинг Хедс, електрониката на Крафтверк, перфекционизмот на Стили Ден, гитарите на Телевижн....  

Што му ја прелелало чашата на Трамп?

Некој пеколен ракетен план на Мадуро со Русите или Кинезите? Некоја гигантска пратка фентанил со која сакал да зомбифицираат уште стотици илјади Американци? Ништо од тоа. Трамп бил особено фрустриран затоа што Николас Мадуро последните недели уште поинтензивно од обично се појавувал на телевизија, играл на музика и го провоцирал дека го чека. 

Така говореше Трамп

За 42 години, Американците срушиле или пробале да срушат 72 странски влади. Мат Таиби потсети дека онаму каде што успеале, често настапувала нестабилност, помалку демократија, опасност од граѓански војни. Тоа беше во ерата на Бајден. Се појави човек кој вети дека ако влезе во Белата куќа, ќе ја прекине политиката на „смена на режими“ и „изградба на нации“.