анегдота на денот

Мајлс Дејвис и Чет Бејкер

Во 50-тите години, Чет Бејкер ja добива наградата од магазинот DownBeat за најдобар трубач. Битна награда во тоа време. По некој месец, Бејкер некаде се сретнува со Мајл Дејвис и му вика дека имал намера да му напише писмо и да му се извини што ја добил наградата која нему му припаѓа. „Знам дека си подобар трубач од мене“ му признава Чет. Што му одговорил Мајлс Дејвис?

- Брат, имаш ти уште 15 такви писма да напишеш пред да го напишеш моето. 

Види и:

Мајлс Дејвис и Ненси Реган

15 јануари 2026 - 15:55