Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (2)

Десет работи кои се вообичаени и нормални за луѓето од Балканот а за луѓето од Скандинавија се несфатливи и би ги фрлиле во кома. Регистрира девојка која е родена и растена на Балканот, а подоцна го искусила и скандинавскиот начин на живот.

1. Без стегање ќе ти го коментираат твојот изглед, тежината, кожата, држењето... Ништо не е премногу лично. Ќе ти кажат дека ти зборат за добро, не за да ти судат. Наводно.

2. Со сила ќе те хранат. Мајка ми тоа го прави со мене и со сите дома, што е голема иронија со оглед на точката број 1. Ако им кажеш „не“, ќе мислат дека се срамиш да кажеш „да“ и ќе те нахранат уште повеќе.

3. Разговараат многу гласно. Насекаде. Внатре, надвор, во кола, не е важно каде. Тишината е сомнителна и многу неугодна. Никаде ќе немаш тишина.

4. Ако има проблем, го решаваат или одма или никогаш. Нема „ајде да преспиеме.“ Или ќе збориме (викаме) тука и сега или ќе држиме лутина додека сме живи.

5. Се поставуваат ултра лични прашања и кон луѓе кои не ги познаваш добро. Кога ќе се мажиш/жениш? Зошто не си мажена/женет? Имаш ли деца, зошто немаш деца? Колкава плата имаш? Ништо од ова не им е претерано, ќе си прашаат.

6. Правење планови на лице место. На пример, се зборува за одмор. Ми се оди на Филипини. Одиме на Филипини!

7. Игнорирање на личниот простор. Дали чекаш во ред, дали ти зборуваат, неважно, твој личен простор не постои.

8. Не знаат како се вози на ескалатор. Никој не стои лево, никој не оди десно, секој како сака, нема правила.

9. Од некаде се заминува дури откако неколкупати ќе се поздравиш. Кога си одиш од гости, прво кога стануваш па после на врата, што знае да трае од 15 до 30 минути.

10. Време на средба. Ако си се договорил во седум, тоа е само оквирно. Луѓе можат да се појават во седум ипол, осум, осум ипол... Она седум е само сугестија.   

Види и:

Фала богу што сме Балканци а не Скандинавци (1)

20 јануари 2026 - 15:10