1. Децата им се обраќаат на родителите по име. Нема мама, тато. По име.
2. Ги планираш социјалните контакти како да се работи за состанок на извршен одбор. Покани по календар, локација, почеток на средбата, крај на средбата...
3. Последниот оброк во денот, вечерата, им е најдоцна во 18 часот. А може и во 17:30. После тоа, забораваат на јадење.
4. Сметката во ресторан ја делат до последното денарче. Дури и да се излегло само на кафе.
5. Ако сакаш да му одиш на гости, мора претходно да му се најавиш со недели. Не можеш туку така да му се појавиш на врата. Мора да му се јавиш, да му кажеш дека би дошол на гости а тој/таа ќе ти каже кога е достапен за тоа.
6. Тие неверојатно многу му веруваат на системот, на државата.
7. Во двор ќе направат свадба со 50 луѓе и ќе речат дека имале голема свадба. Кај нас свадба од 100 луѓе, по балкански стандард, е мала свадба.
8. Не ги драматизираат приказните што ви ги кажуваат. Не претеруваат, одат директно на поентата. Како тоа не им требаат 45 минути за да ти кажат што им се случило? Луда работа.
9. Се расправаат како да е TED Talk. Никој не повишува тон, сите се почитуваат, мирно ти ги кажуваат своите поенти, никој не вика, никој не се дере. Многу вознемирувачки.
10. Го штитат својот личен простор како да е национално богатство. Не треба да им се приближиши, нема гушкање, нема бацување. Најблиску меѓу себе беа во пандемијата, кога ковид протоколите предвидуваа растојание од два метра. Зашто стандарното растојание им е три метри.
* Види и: