
Па се сеќавате ли, на пола филм секој од нас знаеше кој е убиецот, сите на крајот се курчевме со онаа позната досетка користена за препознавање на убиецот:
-Знаев! Ти реков ли? (а ништо нема речено)
Ова денес... страшно.
Сега одгледав некој филм. Трае 240 минути. Како парење на човечки рипчиња. Кој го одгледа филмот до крај, добива америчко државјанство.
Го најдоа мртов во поток. Кој убива луѓе во поток, ебате сценаристите. Се сјатија 300 инспектори, ко Спартанци. Само уште пастрмките не ги испитаа дали некого виделе и што приметиле.
Сите се осомничени. Од мовта, птиците преселници, локалните сељаци, Мулдер и Скaли од Икс-фајлс, преку началникот на општината, попот, до раководителот на психијатриската болница, заедно со пациентите и портирот.
Толку ќе те убедат дека секој може да биде убиец што после филмот, три недели не му веруваш на никој ни во своја фамилија.
Мајката на жената ти ќе те викне на ручек, во себе си викаш: Курвата ќе ме отруе!
Ете такви се денешните филмови. Ти до одјавната шпица не знаеш кој е крив... и таман да ти кажат кој е убиецот... во 239-та минути... излегува:
- Крај на првата епизода!
О, светиебам. Боловање земав за да го одгледам филмот... а овие серија од филмот направиле. Го чекаш убиецот ко пензија од Германија. Никако да го дочекаш. На крајот Нетфликс го откупил. Па уште плаќам 9 евра месечно додека разберам кој е убиецот. Убиецот ме кошта 50 евра додека да одгледам седум сезони, секоја по 14 епизоди.
А се сеќавате ли на старите филмови и групното гледање, кога имаш:
- Знаеш ли кој е убиецот?
- Знам!
- Кажи!
- Не ти кажувам!
Кој никогаш не слушнал: Не ти кажувам!, тој никогаш прав филм нема гледано.
А овие филмови денес... да се посерам јас на све тоа.
************
Повеќе од Круле на Офф - овде