Велика Британија, Брза Кина

Велика Британија во 2010 година го најави „најголемиот инфраструктурен проект во Европа“,брза пруга од преку 500 километри. Прво од Лондон до Бримингем па потоа и до Манчестер и Ливерпул. Регулативниот европски мајндсет овој проект го одложи, го отежна, му начука „инклузивни“ критериуми и го направи најскапиот проект по изграден километар. Во меѓувреме, градеше и Кина.   

Велика Британија се регулира себеси до степен да стане ирелевантна.

Планот беше да се изградат 531 км брза железница.

Пред да се постават пругите, изведувачите мораа: 

  • Да пополнат проценка на „социјалната вредност“ од 350 страници;
  • Да гарантираат 30% застапеност на жените; 
  • Да гарантираат 20% застапеност на етничките малцинства; 

Исходот беше предвидлив.

  • Оригинална временска рамка: 2010-2026
  • После години одложувања и пречекорувања, ~50% од проектот беше откажан; 
  • Преостанатата изградба сега се протега по 2033 година; 
  • Цена: ~70 милијарди фунти за само 40% од трасата (~311 милиони фунти по км); 

Во меѓувреме, Кина:

  • Изгради ~50.000 км брза железница за 17 години;
  • Просечно ~3.000 км годишно; 
  • Со цена од ~14 милиони фунти по км; 
  • Кина гради брза железница ~200 пати побрзо и ~22 пати поевтино.
  • Применете го истиот регулаторен начин на размислување во енергетската транзиција... и обемот на тоа колку пари непотребно се арчат станува очигледен.

* извор

11 јануари 2026 - 11:52