Варуфакис: Данците да не се прават Енглези

Проблемот на Данска со САД околу Гренланд, Јанис Варуфакис го гледа од грчка перспектива. Откако заедно со Турција влегоа во НАТО, Грците попусто се обидуваат да го обврзат НАТО да ги брани ако Турција нападне. Не е НАТО за тоа, НАТО е за одбрана од надворешни непријатели, ја убедуваа Атина сојузниците од Алијансата. Меѓу нив, и Данците. 

Дали господинот Трамп има право да се почасти со Гренланд? Секако дека нема. Да, во право е тој кога вели дека единственото право на Данска врз Гренланд е дека некои од нејзините бродови пред векови се истоварија таму и ја зазедоа таа земја.

Но, како точно Европејците ги зазедоа Северна Америка, Австралија, Нов Зеланд? Законски? Легалистички? Никогаш не е препорачливо магарето да му вика на зајакот дека има големи уши.

А сега за еден делишес пресврт во приказната за Гренланд:

Европејците тврдат дека е без преседан и кршење на повелбата на НАТО лидер на земја-членка на одбранбен сојуз да се заканува на друга земја-членка на НАТО. Дека НАТО е за солидарност, за одбрана на територијата на своите членови.

Не е така. Кога Грција и Турција заедно влегоа во НАТО во 1952 година, грчки влади последователно и очајно се борат да го натераат НАТО да се обврзе дека ќе се стави во одбрана на Грција доколку Турција изврши инвазија. НАТО резолутно одбива да преземе таква обврска. Зошто? Официјалниот одговор е дека НАТО е посветен на одбраната на земјите-членки од воинствени земји кои не се членки - но не и на едни од други, не од други земји-членки, како Турција или сега... Соединетите Американски Држави!

Сакате да знаете зошто Грција е можеби единствената земја-членка која постојано троши многу повеќе за оружје од минимумот? Ете затоа. Затоа што НАТО упорно одбива да ги брани своите граници во случај на судир или војна со Турција. 

Значи, Данска, добредојде во клубот - и запомнете дека вашите влади исто така тврдеа дека не е работа на НАТО да брани која било земја-членка од друга земја-членка на НАТО.

Јанис Варуфакис

Бонус: Дарио Шпелиќ во „Недељом у два“

„За Боговите знаеме, а за луѓето претпоставуваме дека надмоќните владеат со послабите.“

20 јануари 2026 - 13:48