Не, „Ноќ на вештерките“ не е измислица на западот

Можеби можеме да се расправаме околу името на празникот на некои од словенските јазици, ама оригиналот секако не е така. Милиони ширум светот го слават последниот ден на октомври со маски, палење огнови и благца, но иако е еден од најкомерцијалните празници од западната култура, потеклото на овој празник е старо илјадници години.

Од Муглер никогаш доста

Не само што нè радува со децении и ни разубавува екрани и излози (за плакари кој како), туку сега има и ново, и не е ништо помалку добро од тоа што сме го навикнале.

Барселона сака туристи, ама нејќе

Забраната за изнајмување соби за краток престој што почна на 6 август ја прави Барселона единствен голем град во Европа по ова прашање, иако дозволува изнајмување на цели станови - сѐ додека сопственикот на имотот ја има потребната дозвола.

#MeToo дојде во Германија

Њујорк Тајмс го предизвика отпуштањето на популарен германски новинар затоа што имал афери со колешки.

Може ли било кој актер да го глуми Џејмс Бонд?

Културолошката војна на кастингот ја ограничува уметничката слобода.

Серија за лажната наследничка што превари тон Американци

Нетфликс ќе пушта серија со наслов „Измислувајќи ја Ана“, за Ана Сорокин, која од 2013 до 2017 се преправаше дека е германска наследничка и се инфилтрираше во њујоршката друштвена сцена.

Зошто ќе продолжам да викам „бремени жени“

Важно е да се биде инклузивен. Но не е најважно.

Нетфликс и освестените игри на моќта

Како и сите корпорации, и Нетфликс е освестен. Во 2018 на пример, отпушти еден директор затоа што го изустил навредливиот збор на Н, иако го кажал дескриптивно при дискусија за навредливи зборови за црнците.

Винтиџ марамчиња за кармин

Животот на куратор на музеј за шминка не е вообичаен - и еден таков, знае во петок навечер да заглави на иБеј и Етси барајќи винтиџ шминки и додатоци за нив, па во еден момент наоѓа и марамчиња за шминка.

Не сте најбрзиот сперматозоид, туку избраниот

„Мерењето“ на кое се склони мажите се има провлечено и во научниот свет, со долгогодишната убеденост дека победува и оплодува најбрзиот сперматозоид. Не е баш така.

Топ 10 Гантер-моменти

Се изгасија рефлекторите за Џејмс Мајкл Тајлер, актерот кого светот го запамети по „инвентарот“ Гантер во „Пријатели“. Главните имиња од серијата напишаа емотивни поздрави и се придружија на милионите што сочувствуваат денес. Ние ве потсетуваме на најјаките 10 моменти на Гантер.

Рајан Гослинг е Кен на барбиката на Марго Роби

Наводно, според извори на Дедлајн, Рајан Гослинг е во финални преговори за Кен во филмот „Барби“ каде што Барби ќе ја глуми Марго Роби. Режира Грета Гервиг.

Францускиот револт против Ана Винтур

Париз Вог веќе нема да има „Париз“ во името, што предизвика лавина од негодувања против Ана Винтур.

Не можеш така лесно да ја импресионираш Џоан Колинс

...Макар и летнал во вселената. Во однос на патувањето на Шатнер на покана на Џеф Безос, Џоан Колинс имаше една работа да каже. „Будала“.

Сузан Валадон - блескава сликарка за која никогаш не сте слушнале

Малкумина знаат за Сузан Валадон која го има шокирано уметничкиот свет на почетокот на претходниот век со нејзините актови. Била циркузантка, самохрана мајка-тинејџерка и уметнички модел, па сликарка. Валадон имала уникатна патека за време на Убавата епоха и создала дела живописни и искрени како нејзиниот живот.

Сега сите сме ТЕРФ

И Маргарет Атвуд, да.

Не ви е жал?

Поддршка за сите жени што се издотерале, направиле фризура, се изнашминкале и излегле горди и самоуверени, за да им се случи нешто од оваа категорија.

Процес на поправање уништен кармин

Голема е фрустрацијата кога ќе си најдеш омилено парче шминка смачкано или искршено. Тие што користат знаат и за мини-инфарктот што те забодува кога ќе ти падне бронзерот на плочки, или кога ќе го најдеш карминот отворен и згмечен во ташна.

„Лудаците“ што требаше да ги послушаме порано

Колку пати низ историјата (па и поновата историја) некој кажал нешто ново и важно и го отфрлиле како будала? Има тука примери за ситуации во кои „будалата“ бил во право, а светот бил со главата во песок.

Надреалистката што прави чудни обувки

Беате Карлсон прво доби внимание на њујоршката модна сцена поради еден газ - поточно, силиконска реплика на задникот на Ким Кардашијан, а го носеше за време на модната недела. Телесната модификација е начинот на кој Карлсон, креативната директорка на брендот Ававав, ги креира новите силуети.

Џејми Ли Кертис мисли дека новиот „Ноќ на вештерките“ ќе нѐ налути

„Ноќта на вештерките завршува“ доаѓа следната година.

Транс-активистите никако да си ја сокријат мизогинијата

Минатиот викенд, демонстранти од движењето #BeKind на протест во поддршка на британското претставништво на Амнести Интернешенл се облекоа во знамиња и носеа транспаренти со слогани како „Пуши ми го курот, трансфобична пичко“.

Како се дружат жени vs. мажи

Јес да е цртан, ама жени, ова мора да прекине.

Ајде да ја слушаме Шер како раскажува

Сеедно за што ќе се слуша Шер, ама овој пат е фино што можеме да ја слушаме како ги анализира комбинациите во кои се има појавувано низ историјата (за Шер не одговара само да кажеш „низ годините“).