Како да го изнервираш Џон Вотерс

Мајсторот на невкусот, човекот зад филмовите во кои драг-кралицата Дивајн се труди на сите начини да ја згади публиката е изнервиран. Заради Доналд Трамп.

Во едно интервју од саботата, Џон Вотерс се пожали дека Доналд Трамп го има уништенно чудната, перверзна привлечност на лошиот вкус, и тоа засекогаш.

Негови се Pink Flamingos, Female Trouble, Hairspray и Cry-Baby, а сепак, Трамп е тој што му ја мати водата.

„Трамп го упропасти,“ рече Вотерс. „Само што стана претседател, заврши хуморот на сето тоа. Тој беше последната шајка во ковчегот. Прв човек што случајно имаше лош вкус и тоа не беше смешно.“

Додека сме на темава, да се запознаеме со терминот camp, со кој толку тесно е врзуван Џон Вотерс, инаку нарекуван и „Папата на трешот“ и „Баронот на лошиот вкус“.

„Камп“ како термин се појавува во издание на Оксфордскиот англиски речник со објаснување:

- претерано, театрално, феминизирано или хомосексуално; наменето за хомосексуалци

Џон Вотерс смета дека луѓето денес премногу се трудат, а тоа не функционира.

„Порано camp значеше исмевање на случајно лошиот вкус. Но, не е веќе така. Вистинскиот camp е невин, не прави ништо намерно.“


Види и: Ајде да учиме за Џон Вотерс 

8 јуни 2022 - 00:01