Е, го искина де

А што мислеа дека ќе се случи кога Ким Кардашијан со сите свои атрибути ќе влезе во фустан направен специјално за Мерилин? Во кој и самата Мерилин морале да ја сошијат?

Ким Кардашијан го размкна музејскиот експонат. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Колекционерот Скот Фортнер од @marilynmonroecollection сега се жали и објавува фотографии, кои потоа ги сподели Диет_Прада - испукан е каде што се закопчува, фалат кристали, а некои и висат на едно конче.

Во споредба со фотографиите од фустанот направени во 2016, разликите се повеќе од очигледни. Од Рипли тврдат дека „многу се потрудиле да се зачува ова парче поп-културна историја“, ама колку реално можеш да се потрудиш кога, како што ќе каже и еден од коментарите од објавата „некој го земал за на журка и го вратил“?

„Вредеше ли?“ жално ќе се обрати Фортнер до музејот.

Да се потсетиме, Ким не ја собираше во фустанот, па од Рипли решија да не ѝ го дадат. Дури откако ослабе 7-8 кила, го доби и го носеше на црвениот килим на Мет Галата, а експертите и јавноста беа запрепастени.

Се пожали и Боб Меки, кој ги има направено и оригиналните скици за фустанот (и сè неверојатно што сте виделе на Шер е негово) и рече дека Ким воопшто не требало да го облече.

„Тоа е дизајнирано за Мерилин Монро. Никој друг не треба да биде виден во тој фустан,“ рече уште во мај, за Ентертејнмент Викли. 

Со него се согласија голем број модни конзерватори, велејќи дека материјалот на фустанот, стар повеќе од 60 години, бил премногу нежен за да ја издржи Ким.

„Се фрустрирам, затоа што ова го уназадува она што се смета за професионален третман на историски костим,“ изјави поранешната претседателка на Мет институтот за костими за ЛА Тајмс. „Во ‘80-те, професионалци за костими се собраа да донесат резолуција дека историски костими не треба да се носат. Сега сум загрижена дека колегите ќе бидат под притисок од страна на важни луѓе кои ќе бараат да им се дозволи да носат облека од таму.“

14 јуни 2022 - 21:22