Музејот доби критики за неетичноста на една институција што дава парче модна историја за на црвен тепих. Фустанот е во сопственост на Верувале или не! на Рипли, а информациите за тоа како стигнал кај Ким и кои мерки се преземени да не се оштети ги дава аукциска куќа:
„Криевме два месеци и во саботата дознав дека сè е потврдено,“ вели Дарен Џулијан, основачот и претседател на аукциската куќа која го има продадено фустанот за рекордна цена од 4,81 милиони долари во 2016. И Кардашијан и мајка ѝ се долгогодишни клиенти: Ким еднаш има купено кадифено сако што го носел Мајкл Џексон, како божиќен подарок за ќерка ѝ. „Односот со Ким и Крис ни е интересен. Големи фанови се на процесот на аукција и навистина се возбудени кога имаат највисока понуда.“
Така, кога Кардашијан се заинтересирала дали моменталните сопственици на фустанот би ѝ ја исполниле желбата да го носи на Мет Галата, го контактирала токму Џулијан. Понудиле копија, но тој рекол „Ким не работи со копии“.
Аманда Џојнер, потпретседател на Рипли Ентертејнмент вели,
„Цело време се јавуваат луѓе да позајмат нешто и одговорот е речиси секогаш не. Заинтригирани бевме да видиме што мисли, ама никогаш не беше автоматско да. Многу разговаравме.“
Потоа почнале состаноци. Се поставиле параметри, за ограниченото време во кое ќе се носи фустанот, само за на скалите пред музејот. Исто така, не смеел да биде изменет во никој случај, а ѝ забраниле и шминка на телото. Ја пробала и копијата, чисто за да види дали ќе ја собере. Меѓу условите побарале и цело време во близина да биде претставник од Рипли.
Проблем имало само еден: оригиналот не ѝ бил точен, за разлика од копијата. Иста величина биле, но копијата е од посовремен материјал, па се растегнува.
Тука Ким бара три недели да може да ослабне, за да влезе во фустанот. За ова се пофали и пред новинари вечерта, па предизвика лавина од негативни реакции.
Иако добиле лути мејлови од куратори, според кои културно наследство нема што да се носи по журки, сепак Џулијан смета дека оставштината на Мерилин била најдобро нешто што се појавило вечерта.
„Ким ќе создаде нова генерација фанови на Мерилин Монро, само заради тој момент.“