Група крипто-ентузијасти овозможувајќи сеир на годината и ерата во која живееме купува ретка копија на „Дина“ од Френк Херберт за неверојатни 2,66 милиони евра. Ретко се случува книга за која се очекува да се продаде докај 25000 евра да достигне 100 пати поголема цена, но уште почудно е што купувачот - колектив наречен СпајсДАО - верува дека тоа што поседува рана копија од научнофантастичниот роман му дава право да прави што сака со содржината.
„Победивме на аукцијата за 2,66 милиони евра,“ се пофалија СпајсДАО на Твитер. „Сега мисијата ни е 1) Да ја направиме јавна (колку што е дозволено со закон), 2) Да продуцираме оригинална анимирана серија и да ја продадеме на стриминг платформа и 3) Да подржуваме деривативни проекти од заедницата.
А не поседуваат ниедно од овие права.
Купиле книга.
Ова е како да си купиш примерок од „Господар на прстените“ верувајќи дека сега и ти можеш да направиш филм според книгата.
Многу е глупо.
На нивниот форум уште пред да испазарат, планирале да ја купат книгата, да ја конвертираат во JPG, па да ја запалат, што значи „единствените копии“ што ќе останат ќе бидат во JPG. Сметале дека ова крајно ќе ја зголеми вредноста на НФТ синџирот и дека ќе биде одличен маркетинг. До толку им се видело јако, што им текнало и дека ќе можат и видеото од палењето на книгата да го продадат како НФТ.
Во објавата за купувањето на книгата (што, да повториме, не се права за умножување), сепак изгледа дека целта им била да овозможат секој да може да ја прочита со тоа што ќе ја направат јавна, па потоа да пуштат анимирана серија што се разбира ќе ги доведе до тужба од страна на сопствениците на правата - во моментов, Херберт Лимитед Партнершип.
„Во развојна фаза сме на нашата оригинална анимирана серија во време на стриминг-војни кога медиумски групи се натпреваруваат за нови содржини и се спремни да плаќаат и над 100 милијарди долари,“ додаваат во друг твит.
Кој ќе им каже?