Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Малку фалеше Трамп да ги запре преговорите со Иран

22 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Преговарачките тимови од САД и од Иран ги опишаа како продуктивни првите директни преговори во Швајцарија, иако иранската делегација вчера предупреди дека ќе си замине поради вербалните закани од Доналд Трамп за нови напади. Иранците потсетиле дека во Меморандумот за разбирање двете страни се обврзаа да се воздржат од закани за употреба на сила.
  • Преговорите продолжиле до доцна вечерта. Делегациите се согласиле да формираат Комитет на високо ниво, кој ќе обезбеди политички надзор на преговорите, и работни групи фокусирани на нуклеарните прашања, санкциите и другите спорови.
  • Главното прашање било воспоставувањето механизам за да се гарантира прекинот на огнот помеѓу Израел и Хезболах во јужен Либан. Израел во саботата потпиша новo примирје и речиси веднаш го прекина со напади. Техеран реагираше со делумна блокада на сообраќајот низ Ормускиот проток.
  • САД и Иран се договориле да воспостават „комуникациска линија“ за Ормускиот теснец, која ќе функционира сè додека траат преговорите, со цел да се избегнат инциденти.
  • Иран, според претставници на медијаторите, добил дозвола за ограничен извоз на нафта и петрохемиски производи и му биле ослободени некои замрзнати сметки. Американските претставници не го потврдија тоа.
извор

Франција забрани пиење алкохол на јавни места поради жештините

22 June 2026
  • Share
  • Post
  • Француските власти забранија пиење и продажба на алкохолни пијалоци на отворени јавни места во регионите во 49 региони во кои е прогласена „црвена тревога“ поради топлотниот бран со температури над 40 Целзиусови степени.
  • Забраната важеше и на вчерашната прослава на Фестивалот на музиката во Париз. „Комбинацијата од алкохол, топлина и близина до вода се фактори на ризик“, изјави градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.
  • Денеска ќе бидат затворени 845 основни и средни училишта поради прогнозата дека температурите ќе достигнат 42 степени.
  • Шпанија официјално го прогласи првиот топлотен бран годинава, откако температурите се кренаа над 42 степени. Исто толку се очекува да достигнат и во Португалија, а во Италија и во Британија до 37 степени.
извор

Седум нови жртви во најновиот “прекин на огнот“

20 June 2026
  • Share
  • Post
  • Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку седум лица, вклучувајќи две деца, само неколку часа откако се објави дека е постигнат договор за прекин на огнот.
  • Ден пред договорот, Израел и Хезболах се маваа јако: загинаа 47 луѓе во Либан и четворица израелски војници. 
  • Инаку, двете страни рекоа дека ќе го почитуваат договорот.
  • Договорот меѓу САД и Иран бара прекин на воените операции во Либан и почитување на неговиот суверенитет но ни Израел ни Хезболах не се потписници на тој договор. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ванковска: Како станав непожелна на конференција на која бев поканета

2

Актуелни проблеми на Прилеп

Македонштина
3

Францускиот „Буржуј“ на гости кај Балканската баница

Храна за возрасни
4

Курасао го освои првиот историски бод на Светско првенство, голманот правеше чудеса

Фудбал
5

Костас Новакис - Бело поле до Белото море

Музика
6

Селекторот на Иран: „Ниту еден од 47 селектори не праша како ни е“

7

Одма е подруго

Онака
8

Тој мисли сите пијат нафта

Разно
1

Ванковска: Како станав непожелна на конференција на која бев поканета

2

Мракот патува побрзо од светлината

3

Избор на ресторан според Фајнман: Три дена истражувај, четири дена уживај

Наука
4

Дојде време САД да се повлечат од Блискиот Исток

Мислења
5

Путин има проблем со чипови

Технологија
6

Седум нови жртви во најновиот “прекин на огнот“

7

Малку фалеше Трамп да ги запре преговорите со Иран

8

САД финансирале експерименти со вируси во биолаборатории во над 30 земји

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Актуелни проблеми на Прилеп

Македонштина

Женски муабети

Македонштина

За ова ли се дреме со саати на граница?

Балканштина

Убаво е кога маж и жена ќе се сложат

Балканштина

Самоодржлива информација

Македонштина

Зошто пропуштаме вакви работи?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Градоначалник и иноватор

Рецензија на делото „Бозата ти е пријател“ (aka WTF) од Мартин

Ако веќе зборуваме за лидери...

И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy