Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ванковска: Како станав непожелна на конференција на која бев поканета

19 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Пред неколку дена ветив дека ќе ви кажам како за првпат во живот бев речиси исфрлена од конференција (повторно во Белград) затоа што ЕУ ја елаборирав низ призма на марксистичката теорија и постколонијалниот дискурс.
  • Темата на конференцијата беше за „свежиот моментум“ на проширувањето, но никој вистински не го постави прашањето каква е денес ЕУ? Зошто некој денес би сакал да стане нејзина членка? Ако е за вредности – таа одамна се откажа од нив, а сега е соучесник и во геноцид. Ако е за пари (поубав живот, како што го лажат обичниот човек) – пари нема освен за воено-индустрискиот комплекс и за надоаѓачката војна со Русија (ако се следи умот на Каја Калас).
  • Реков дека немам никаков проблем да се декларирам како марксист. Низ таа призма и зборувам. И тогаш дојде до ерупција кај мојот домаќин. Почна да подвикнува дека не верувал дека ќе бидам толку провокативна, дека тој не е марксист (иако јас не ни помислив ниту реков таква работа), односно дека марксизмот е политика, а не научен поглед на светот.

  • Се обидов да одговорам, но тој ја затвори сесијата.

  • Планот беше секако да заминам за Скопје истиот ден попладнето, но веќе во ходникот ми беше ставено до знаење дека од мене не се очекува да останам подолго на конференцијата.

  • И покрај повеќедецениското искуство, ова по малку ме изненади. Ќе рече некој, па нели е тоа Србија која „седи на повеќе столчиња“, отворена е кон повеќе страни на светот и сл. Не, не! Академската и интелектуалната елита се веќе дресирани и знаат која е црвената линија. Тие го чекаат својот Петар Маѓар (секоја чест на исклучоците, се разбира).

извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

АНБ со мирис на УДБА

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Агенцијата за национална безбедност, во соработка со МВР и Обвинителството, спроведе истрага за пропагандна мрежа која, според Агенцијата, дејствува во функција на руските интереси“.

* Бедно и предавнички е да се работи во функција на кои било странски интереси ама дали руските имаат посебна предавничка тежина? Ене го, УСАИД уште не е оладен, не можело и за тоа истрага да се спроведе? 

  • „Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани...“

* Дозволени се само официјални наративи на актуелни настани а нивно „преобликување“ е рамно на извртување на божји наративи? Ако е така, каде да ги прочитаме дозволените наративи?

  • „Агенцијата порача дека ќе продолжи со откривањето и спречувањето на пропагандистичките активности кои ги поткопуваат евроинтегративните процеси на земјата“.

Една од најмоќните владини агенции е спрегната да им дише во врат на сите кои не се одушевени од евроинтегративните процеси? Има ли АНБ досиеја за сите оние кои се неутрални, кои навиваат за БРИКС, за конфедерација со Кина, Мароко или Виетнам?

п.с. Не заболе нас патка за руски и други странски интереси, но сме дебело засекирани што постои Агенција која вака знае вака да се постави во однос на слободата на мислењето и изразувањето. Бидејќи со мислење и изразување се занимаваме.

Јебале вас „наративи“. 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Почина Биљана Плавшиќ

3

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
7

Тексас прогласи вонредна состојба поради скапиот дизел

8

За Н1 уапсените во Скопје се терористи во наводници

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Македонски дијалог со ЕУ

Дали диригентот е потребен?

Да ја започнеме годината со пригодно лудило

Влезни педагогии

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy