Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина Славенка Дракулиќ

21 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Една од најзначајните авторки во регионот, Славенка Дракулиќ, почина на 77-годишна возраст. Во текот на турбулентните 1990-ти, кога националистичките идеи доминираа во јавната сфера, таа остро предупредуваше за опасностите од омраза, војна и колективни заблуди, за кои често беше изложена на напади и предизвици. Последиците беа сериозни – таа се повлече од домашниот јавен живот и се пресели во Шведска, каде што продолжи да гради меѓународна кариера.
  • Токму нејзините искуства од егзил и набљудување на посткомунистичка Европа од поинаква перспектива ги трансформираше во серија значајни дела од новинарството. Преку книги како „Балкан Експрес“ и „Кафе Европа“, таа ги доближи сложените политички и општествени процеси што го обликуваа регионот по распадот на Југославија до странската публика.
  • Посебно место во нејзиното подоцнежно творештво зазедоа приказни за жени кои останаа во сенка на познати мажи. Таа пишуваше за Фрида Кало, Дора Мар и Милева Ајнштајн, обидувајќи се да фрли светлина врз нивните животи, таленти и лични жртви кои честопати биле занемарени во историските извештаи.
  • Во текот на својата кариера, Дракулиќ соработуваше со истакнати глобални медиуми, вклучувајќи ги „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“, а нејзините книги се преведени на бројни јазици. Иако доби меѓународно признание за време на нејзиниот живот, нејзините дела денес имаат додадена вредност како документ на времето и потсетник за важноста на критичкото размислување.
извор

Почина Сем Нил

13 July 2026
  • Share
  • Post
  • Новозеландскиот актер Сем Нил, кој светската публика најмногу го памети по улогите во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во Сиднеј на 78-годишна возраст. Во објава на неговите профили на социјалните мрежи, семејството наведе дека смртта била „ненадејна и неочекувана“. Нил во 2023 година откри дека му бил дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом, редок и агресивен вид на не-Хочкинов лимфом. По лекувањето со терапија со генетски изменети Т-клетки, во април оваа година соопшти дека повеќе нема траги од болеста.
  • Во текот на својата богата кариера Сем Нил важеше за еден од најразновидните и најпрепознатливите актери од Нов Зеланд. Со леснотија настапуваше и во авторски филмови и во големи холивудски продукции. Најголема светска слава стекна со улогата во „Паркот Јура“, а во филмот „Пијано“ го толкуваше сопругот на ликот што го играше Холи Хантер.
  • Тој припаѓаше на генерацијата актери и режисери кои стекнаа меѓународна афирмација по подемот на австралиската кинематографија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Иако целиот свет го доживуваше како новозеландски актер, неговите корени се во Северна Ирска. Роден е во 1947 година во градот Ома, во округот Тајрон, каде што неговиот татко, офицер во Ирската гарда и по потекло Новозеланѓанец, бил распореден на служба.

    (фото: EpaImages)
извор

Претепан писателот Владимир Арсениевиќ

11 July 2026
  • Share
  • Post
  • Денес, 11.07., во центарот на Белград, пистелот и програмски директор на фестивалот „Крокодил“, Владимир Арсениевиќ е претепан под Бранковиот мост.
  • Настанот се случил кога излегувал од такси со намера да го исчисти просторот на кој денес е планиран настан за комеморација на жртвите од Сребреница. Напаѓачи била група хулигани, oколу 20-тина млади луѓе, кои брутално го шутирале и удирале во глава. 
  • Настанот кој требаше да почне во 11 часот организаторите го откажаа поради безбедносни причини. 

Букбокс читанка за Владимир Арсенијевиќ тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ист ни бил јазикот

Балканштина
2

Претепан писателот Владимир Арсениевиќ

3

Митови за Вучиќ

Балканштина
4

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Канта
5

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Свет
6

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Музика
7

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина
8

Долга е раката на ВИ

1

Претепан писателот Владимир Арсениевиќ

2

Букбокс репортажа: Казанот што не е изгаснат со децении или на шкембе чорба во Солун

Bookbox
3

Почина Сем Нил

4

Како пуканките станале симбол на одење во кино?

Bookbox
5

Како измамничкиот живот на таткото на Џон Ле Каре ги инспирирал неговите шпионски романи

Bookbox
6

„ПРЕДАТОР“ од Владимир Арсенијевиќ

Читанка
7

Погледнете ја првата филмска „Одисеја“ од 1911

Bookbox
8

Добро за нерви: нова видео игра во која редите книги во библиотека

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина

Митови за Вучиќ

Балканштина

Ист ни бил јазикот

Македонштина

Лет над демирхисарското гнездо

Македонштина

Нова дефиниција за терорист

Балканштина

Сè дур има овци...

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Правда за Аца Лукас

Прашај го ближниот свој

Интерпункција, вистинска

Зошто Русија веќе не се плаши од Западот?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy