Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина Сем Нил

13 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Новозеландскиот актер Сем Нил, кој светската публика најмногу го памети по улогите во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во Сиднеј на 78-годишна возраст. Во објава на неговите профили на социјалните мрежи, семејството наведе дека смртта била „ненадејна и неочекувана“. Нил во 2023 година откри дека му бил дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом, редок и агресивен вид на не-Хочкинов лимфом. По лекувањето со терапија со генетски изменети Т-клетки, во април оваа година соопшти дека повеќе нема траги од болеста.
  • Во текот на својата богата кариера Сем Нил важеше за еден од најразновидните и најпрепознатливите актери од Нов Зеланд. Со леснотија настапуваше и во авторски филмови и во големи холивудски продукции. Најголема светска слава стекна со улогата во „Паркот Јура“, а во филмот „Пијано“ го толкуваше сопругот на ликот што го играше Холи Хантер.
  • Тој припаѓаше на генерацијата актери и режисери кои стекнаа меѓународна афирмација по подемот на австралиската кинематографија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Иако целиот свет го доживуваше како новозеландски актер, неговите корени се во Северна Ирска. Роден е во 1947 година во градот Ома, во округот Тајрон, каде што неговиот татко, офицер во Ирската гарда и по потекло Новозеланѓанец, бил распореден на служба.

    (фото: EpaImages)
извор

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

15 August 2026
  • Share
  • Post
  • Џејсон Ардеј (41), поранешен професор на Универзитетот во Кембриџ, кој неодамна се најде среде скандал поради голем број сомнителни моменти кои довеле до негово назначување за професор по социологија на образование во оваа институција, е пронајден мртов во јужен Лондон во петокот (14.08.) навечер. 
  • Неговото семејство изјавило дека „кампањата од дезинформации“, поврзана со обвинувања за плагијат на неговиот докторат и измислување биографски детали, поради кој неодамна поднесе оставка, е виновна за смртта.
  • За Ардеј и целиот случај пишувавме тука. 
извор

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 August 2026
  • Share
  • Post
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ќе им дадеш платформа и вака ќе те серат

Онака
2

Нарачка за Стокомак

Македонштина
3

Грција станува израелски сателит

Балкан
4

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

5

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички

6

Пристигнувањето на Елмас во Аталанта

Фудбал
7

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Балканштина
8

Ројтерс за пожарите во Македонија

Разно
1

„Социјална зараза“: како една мравка може да промени однесување на цел мравјалник

Bookbox
2

„Бекрумс“ - хоророт што треба да го гледате и ако не гледате хорори

Гледанка
3

Кој го измислил првиот модерен противпожарен апарат?

Bookbox
4

Види го ти Запа!

Bookbox
5

Индустријалец, политичар, визионер: кој бил Емерик Блум?

Bookbox
6

Ај не биди „полиестер“

Bookbox
7

Пошта под земја: како пневматските цевки испраќале писма со брзина од 56 километри на час

Bookbox
8

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Ројтерс за пожарите во Македонија

Македонштина

Нарачка за Стокомак

Балканштина

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Македонштина

Македонскиот Џонтра

Балканштина

Го исекоа докторот

Балканштина

Не само во цената да гледате

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гљива го потепа Шериф

Вака завршува Западот

Како стока се пријавува за Фарма

Квадратура на скопскиот круг

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy