Предлог на Вучиќ: „Црвена звезда и Партизан на ист стадион како Интер и Милан“
6 May 2026
- Во Сурчин, предградието на Белград се гради голем, огромен Национален стадион каде ќе треба да игра репрезентацијата. Но претседателот на Србија кој и самиот беше заговорник на овој голем проект, вели дека би било убаво тука домашни натпревари да играат и двата најголеми клуба во Србија.
- „Тоа е Национален стадион за кој државата одлучува. Им советувам и на едните и на другите, како Интер и Милан, да се пријават за користење на тој објект. Италијанците својот го нарекоа Сан Сиро или Џузепе Меаца, секој по своја легенда, а играа на ист стадион. Едните се интеристи на северна трибина, а другите миланисти на јужна трибина и тоа е тоа. И едните и другите користеа ист терен. Сега тој стадион ќе го рушат и заеднички ќе градат нов зошто се свесни дека дури и тој стар објект кој е десет пати подобар од нашите, веќе не е доволен за нивото на комфор кој денешните гледачи го бараат“, рекол Вучиќ.
- Додал и дека им рекол на челните луѓе на Црвена звезда и на Партизан да се пријават да играат на тој стадион домашни натпревари. Србија заедно со Албанија ќе биде домаќин на Европското првенство У-21 за млади фудбалери следната година.
- „Може да имате какви сакате навивачи, ама кој еднаш ќе дојде на Националниот стадион, тешко дека ќе оди на други. Кога зборувам за тоа не можам да ја сокријам насмевката, тоа ќе остане на генерациите кои доаѓаат“, додал претседателот на Србија.