- Македонија на 29 мај ќе ја испрати БиХ на Светско со пријателски натпревар кој е веќе распродаден на стадионот во Кошево. Нашиот селектор Гоце Седлоски зборуваше за дуелот во интервју за Вјести.ба.
- „Кој ја победува Италија, може да победи секого. Верувам дека можете да направите голем резултат. Ќе биде спектакл – и така треба да биде, бидејќи играте на Светско првенство. Но, ние доаѓаме да се покажеме во најдобро светло, да одиграме квалитетен меч и публиката да ужива“
- „Се надевам дека моите зборови ќе добијат тежина по Светското првенство и дека ќе бидам во право за настапот на Босна. Ви посакуваме сè најдобро, но на Кошево сакаме да уживаме и да ве победиме“, вели Седлоски
- И покрај огромните вложувања минатото лето, Реал Мадрид сезонава останува со кратки ракави, најверојатно без ниту еден освоен трофеј. Испаднаа во Лига на шампиони, испаднаа од третолигаш во Кралскиот Куп, а на раб се да ја изгубат и шампионската титула.
- Шпанските новинари дознале дека на еден тренинг имало закачки меѓу Рудигер и левиот бек Алваро Карерас и дека дошло и до физички напад. Португалецот на Инстаграм потврди дека имало инцидент и дека бил изолиран, се смирил и одат понатаму. Наводно Рудигер му влепил шамари на својот соиграч.
- Реал Мадрид сигурно летово ќе добие нов тренер, Алваро Арбелоа нема да остане на клупата, а екипата ја чека ремонт.
- Босански „Фактор“ објави дека ФК Сараево во 2025 година остварил приходи од над 10 милиони евра, а таму настапуваат најплатените фудбалери во босанското првенство.
- Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој во последната година од договорот со Динамо Загреб заработувал околу 730.000 евра.
- Иако неговата актуелна плата во Сараево не е јавно објавена, се претпоставува дека станува збор за значителен шестцифрен износ на годишно ниво.