Покајание по Пимен
8 January 2026
- Митрополитот Пимен признава дека згрешил со повикот за референдум за промена на името. Ова го кажа во поткастот на Слободен печат.
- „Од оваа перспектива секако дека мојот повик до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името во 2018 година го сметам за голема грешка. Практично, некој мене ме излажа, а јас ги излажав останатите“, вели Пимен, објаснувајќи дека тогаш бил уверен оти процесот ќе донесе нешто подобро, а не подлабоко разочарување.
- „Јас мојот потег го чувствувам како своја грешка и како своја наивност“, вели владиката.
п.с. После ова, ќе мора да најдеме некоја нова тема за кавга со нашиот другар Пимен. А што се мора, не е тешко :)