- Лари Пејџ и Сергеј Брин ја пререгистрирале фирмата преку која управуваат со своето богатство, Т-Рекс ДОО. Беше основана и функционираше на адреса на Пало Алто во Калифорнија. Oд пред некој ден е со седиште во Делавер.
- Го направиле тоа во последните денови од декември 2025-та за да го фатат рокот: најавениот нов закон за оданочување супер - богаташи ќе важи за состојба од први јануари 2026-та.
- Новиот закон ќе ги засегне сите што жители на Калифорнија кои имаат над една милијарда долари. Таквите ќе бидат еднократно репнати со пет проценти од нивното богатство.
- Во Калифорнија ги има околу 200. Пејџ и Брин имаат по преку 250 милијарди.
- Лари Пејџ неодамна си купи две куќички во Мајами за само 173 милиони долари.
- „Не ми треба мене меѓународно право,“ порачува американскиот претседател во интервју кога го прашуваат како ги одмерува одлуките кои директно (и со бомби) засегаат други држави.
- “Доволна ми е една работа: мојот личен морал, мојот разум. Тоа е единствената работа која може да ме сопре“, вели Трамп за Њујорк Тајмс.
- Во меѓувреме во американскиот Сенат се пробива „Резолуција за воени моќи“, која би блокирала евентуални намери на претседателот за дополнителни напади врз Венецуела. За Резолуцијаата гласале и републиканци.
- Во првата година од неговиот втор мандат, Трамп нареди американски напади врз цели во Венецуела, Јемен, Сирија, Сомалија, Нигерија, Ирак и Иран.