- Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се најавува излегување на САД од 66 интернационални организации: 31 ентитет е во рамките на ОН, 35 се надворешни.
- Сите функционирале спротивно на американските национални интереси, суверенитет и економска моќ а трошеле милијарди долари на даночните обврзници.
- Меѓу другите, САД се повлекуваат и од UNFCCC (UN Framework Convention on Climate Change), клучен договор за глобална координација на активностите за справување со климатската криза постигнат пред 34 години кој го имаат потпишано сите држави во светот. Американскиот Сенат го ратификуваше во 1992 година. Трамп е убеден дека климатската криза е превара.
- Тој потсети дека ова е продолжување на истата политика по која Америка излезе од Парискиот климатски договор и Светската здравствена организација.
- Целата листа на организации од кои САД се повлекоа ја имате овде.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.